Ако минатиот викенд уживавте во драмата на инаугуративниот викенд со Спринт квалификации, тогаш за следниот нема да чекате премногу време.
Големата Награда на Италија на почетокот на септември ќе биде втор од трите планирани настани каде ќе го има експерименталниот формат за оваа 2021 сезона.
Се останува исто, во петок ќе имаме еден попладневен тренинг, проследен со квалификации, кои што го одредуваат редоследот за старт на вечерните Спринт квалификации.
Сабота наутро ќе се одржи вториот и последен тренинг, пред 100 километарските Спринт квалификации за да се одреди стартниот редослед за неделната трка за Големата Награда на Италија.
Со должината на патеката Монца, 5.793км., Спринт квалификациите се очекува да бидат борба од 18 круга, загревање за неделната трка од 53 круга.
Третиот и последен настан на кој ќе се испроба овој формат ќе биде на трка надвор од Европа и ќе биде потврден подоцна во текот на годината.
МОНЦА, ВТОРА ПАТЕКА КАДЕ ЌЕ СЕ ПРОБА НОВИОТ ФОРМАТ НА ТРКАЧКИ ВИКЕНД
7/22/2021 08:14:00 PM
0
Share to other apps

