Според најновите шпекулации во Ф1 падокот, судбината и на годинешното Холандско Гран При зависи од одлуката на властите во врска со приемот на гледачи на трибините во Зандворт.
Минатата година, трката не се одржа токму поради оваа причина, организаторите гледаат само една опција за одржување на трката, а тоа се целосно исполнети трибини со навивачи во портокалови униформи кои го поддржуваа Макс Ферстапен.
Оваа 2021 сезона, трката треба да се одржи на 5 Септември, но Холандските власти се уште се немаат изјаснето дали ќе дозволат присуство на публика, па затоа се зголемија гласините дека може да биде откажана од истата причина. Крајната одлука треба да биде донесена за две недели.
Во Монако, возачите на Ферари беа многу брзи, Чарлс Леклер ја освои Пол позицијата, а на трката Карлос Саинц Јр. загуби само девет секунди од победникот Макс Ферстапен. Но, Шпанецот зборувајќи пред домашните медиуми околу очекувањата за викендот што следува сугерираше дека болидите на Ферари ќе бидат помалку конкурентни.
"Мислам дека Хунгароринг не ни одговара многу. Веројатно ќе се најдеме веднаш зад Ред Бул и Мерцедес АМГ, високата потисна сила е многу важна, а според GPS податоцит можеме да видиме дека овие два тима се уште се побрзи од нас."
"Со денешните болиди, Хунгароринг не е бавна патека како порано. Во Монако и Баку има свиоци низ кои поминувате со втора и трета брзина, а во Будимпешта, со овие модерни машини со голема моќност, вие сте во четвртата и петтата брзина во поголемиот дел од кругот."
Макс Ферстапен, лидерот во шампионатот го даде првото интервју по инцидентот во Силверстоун и зборуваше за претстојниот викенд во Унгарија
- Како се чувствуваш пред Големата Награда на Унгарија?
"Мило ми е што се враќам на патеката во Унгарија, особено по резултатот од последната трка. Секако, во таа несреќа малку се повредив, но тоа е во ред по толку силен удар. Вежбам и се чувствувам добро."
"Оваа недела имав 24-часовна сим трка за да видам како моето тело реагираше на продолженото седење во една позиција и се чувствував сосема нормално. Подготвен сум да се вратам на трките!"
- Немавте можност да комуницирате со медиумите по инцидентот, за кој многу се зборуваше и пишуваше. Дали сакате да кажете нешто?
"Немам што да кажам за сето фама што се крена по медиумите и да бидам искрен, не би сакал да учествувам во ова. Знам што се случи на Силверстоун, бидејќи бев во болидот и очигледно не сум задоволен од начинот на кој заврши мојата трка, но сега сум фокусиран на претстојната трка на која треба да се осигураме дека ќе бидеме најдобри на патеката и ќе го одржиме водство во шампионатот"
"Тимот ќе се погрижи за официјалната страна на прашањето, за сите нешта што треба да се разгледаат по инцидентот, а мојата задача останува иста, да го дадам максимумот и да се обидам да победам на неделната трка."
"Ми се допаѓа Хунгароринг, да се надеваме дека овој пат на пат ќе стигна до грид без инциденти, минатата година механичарите мораа да направат чудо за да можам да учествувам на трката."
НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ХОЛАНДСКОТО ГРАН ПРИ
7/28/2021 11:28:00 AM
0
Share to other apps




