Ред Бул не се согласува со адекватноста на казната за Луис Хамилтон за судирот со Макс Ферстапен во првиот круг од Големата Награда на Велика Британија. Тимот поднесе официјален приговор со барање да се преиспита одлуката на стјуардите.
Претставници на тимовите преку конференциска видео врска ќе се сретнат со стјуардите кои ги решаваа инцидентните ситуации во Силверстоун во четврток, 29 Јули, 16:00 часот.
Од тимот на Ред Бул ќе имаат можност да презентираат нови информации што стјуардите ги немаа за време на трката. Доколку се утврди дека нивните аргументи се релевантни, казната за Луис Хамилтон може да се ревидира.
UPDATE 29.7.2021: Како што и се очекуваше стјуардите го одбија приговорот на Ред Бул, и инцидентот Ферстапен/Хамилтон нема да се ревидира. Стјуардите од поднесените нови докази проценија дека нема нови дополнителни податоци кои не биле земени во предвид пред донесување на одлуката за казната на Луис Хамилтон.
РЕД БУЛ БАРА РЕВИЗИЈА НА КАЗНАТА НА ЛУИС ХАМИЛТОН
7/27/2021 06:10:00 PM
0
Share to other apps


