Тимот на Мерцедес АМГ и официјално го потврди двегодишното продолжување на договорот со седумкратниот шампион Луис Хамилтон.
Британецот ќе го вози болидот на Мерцедес АМГ во сезоните 2022 и 2023 година, што ќе му биде десетта и единаесетта сезона со тимот од Брекли, на кој му се придружи во 2013 година.
Откако се приклучи на фабричкиот тим, Луис досега освои шест шампионати, при тоа забележувајќи 77 Победи и 74 Пол позиции.
Луис Хамилтон: "Тешко е да се поверува дека поминаа скоро девет години од мојата работа со овој неверојатен тим, среќен сум што ја продолживме соработката за уште две години. Заедно постигнавме многу, но има уште многу да се постигне."
"Јас сум неверојатно горд и благодарен што Мерцедес АМГ ја поддржа мојата заложба за подобрување на различноста и еднаквоста во нашиот спорт. Тие презедоа одговорност и направија голем напредок во ова."
"Благодарност до сите посветени и талентирани луѓе во Мерцедес АМГ, сето ова беше овозможено благодарение на нивната напорна работа. Благодарам на бордот на директори за постојаната доверба во мене."
"Влегуваме во нова ера што ќе биде предизвикувачка и возбудлива. Со нетрпение очекувам да видам што можеме да постигнеме заедно."
Тото Волф, тимски шеф на Мерцедес АМГ: "Во 2022 година, ќе започне нова ера во Формула 1, а за нас нема подобар возач од Луис. Неговите достигнувања во нашиот спорт зборуваат сами за себе, а неговото искуство, брзина и тркачки вештини му овозможуваат да настапи до границата на неговите можности."
"Уживаме во борбата оваа сезона, поради што сакавме да го потпишеме договорот што е можно порано, така што преговорите не нè одвлекоа од ривалството на патеката. Отсекогаш сум велел дека сè додека Луис е желен за трка, тој може да настапува колку што сака."
"Потпишавме синоќа и сакавме тоа да го објавиме денес. Мислевме дека е добро веднаш да го објавиме тоа јавно. Две години е добар период. Стабилноста во тимот е важна. Разговаравме за сè. Во следните неколку недели ќе знаеме кој ќе го заземе второто место."
ОФИЦИЈАЛНО: ЛУИС ХАМИЛТОН ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО МЕРЦЕДЕС АМГ
7/03/2021 01:26:00 PM
0
Share to other apps

