Заедно со него, Ландо Норис, ќе стартува од првиот ред, нешто што Мекларен го нема доживеано од 2012 Бразил ГП, кога Хамилтон беше во тимот.
За прв пат од 2017 Сингапур ГП-то, во најбрзите тројца нема возачи на Мерцедес АМГ. Серџо Перез и Луис Хамилтон трката ќе ја започнат од вториот, Валтери Ботас и Пјер Гасли од третиот ред.
Во Q1 сесијаta, Гасли, Ветел, Строл и Цунода избраа жолти гуми за првиот обид, останатите на патеката излегоа на црвените гуми. Како и на тренинг сесиите, возачите мораа да ги почитуваат лимитите на патеката во свиоците 9 и 10. Дополнително стјуардите најавија казни за премногу бавно возење низ истите, бидејќи многу возачи беа попречувани од сообраќајот.
Макс Ферстапен го забележа најбрзото време, а квалификациите завршија за Кими Раиконен, Естебан Окон, Николас Латифи, Мик Шумахер и секако Никита Мазепин.
На почетокот од Q2 сесија, возачите Мерцедес АМГ, Ферари, Мекларен и Макс Ферстапен го направија својот прв обид на жолтите гуми, како не би ја стартувале трката на црвените гуми. Времињата од 15-те возачи беа во опсег од само осум десетинки.
Црвената гума не ја посакуваше никој, па за вториот обид, многумина повторно ги избраа жолтите гуми. Фернандо Алонсо беше првиот кој излезе на патеката, но неговиот брз круг беше уништен од болидот на Ветел и не можеше да напредува, стјуардите во моментов го разгледуваат инцидентот.
Макс Ферстапен повторно го имаше најбрзото време. За прв пат по 2018 Италијанското ГП, Џорџ Расел го предводеше Вилијамс во финалната Q3 сесија на квалификациите. Од понатамошната борба изпаднаа: Карлос Саинц Јр., Чарлс Леклер, Даниел Рикиардо, Фернандо Алонсо и Антонио Џовинаци.
Во финалниот Q3 сегмент сите излегоа на црвените гуми, а Џорџ Расел го пропушти првиот обид, поради немање на дополнителен сет од најмеките гуми. Секако, Макс Ферстапен беше најбрз. Во вториот обид, Холанжанецот не се подобри, а Ландо Норис имаше историска шанса за Пол позицијата, но иако се подобри во вториот брз круг, му недостасуваа пет стотинки за врвот
Трката за Големата Награда на Австрија започнува утре од 15:00 часот по македонско време.
| 2021 ГН АВСТРИЈА - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:03.720 | |
| 2. | Ландо Норис | Мекларен | 1:03.768 | + 0.048 |
| 3. | Серџо Перез | Ред Бул |
1:03.990 | + 0.270 |
| 4. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:04.014 | + 0.294 |
| 5. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:04.049 | + 0.329 |
| 6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:04.107 | + 0.387 |
| 7. | Јуки Цунода |
АлфаТаури | 1:04.273 | + 0.553 |
| 8. | Себастијан Ветел* | Астон Мартин | 1:04.570 | + 0.850 |
| 9. | Џорџ Расел | Вилијамс |
1:04.591 | + 0.871 |
| 10. | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:04.618 | + 0.898 |
* казна 3 стартни места/блокирање на Алонсо во Q2 Q2 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:03.927 |
||||
| 11. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:04.559 | + 0.632 |
| 12. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:04.600 | + 0.673 |
| 13. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:04.719 | + 0.792 |
| 14. | Фернандо Алонсо |
Алпин |
1:04.856 | + 0.929 |
| 15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:05.083 | + 1.156 |
| Q1 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:04.249 | ||||
| 16. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:05.009 | + 0.760 |
| 17. | Естебан Окон | Алпин | 1:05.051 | + 0.802 |
| 18. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:05.195 | + 0.946 |
| 19. | Мик Шумахер | Хас | 1:05.427 | + 1.178 |
| 20. | Никита Мазепин | Хас | 1:05.951 | + 1.702 |
| 107% време: 1:08.746 | ||||
| ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - РЕД БУЛ РИНГ 2014 Фелипе Маса - Вилијамс - 1:08.759 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:08.455 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:07.922 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:04.251 2018 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:03.130 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:03.003 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:02.939 2020 ШТАЕРСКО ГРАН ПРИ Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:19.273 2021 ШТАЕРСКО ГРАН ПРИ Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:03.841 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:03.720 |
||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||||




