На првата Макс Ферстапен го забележа најбрзото време, 0.061 делови од секундата пред Валтери Ботас и дополнителна десетинка предност во однос на Луис Хамилтон со што се комплетираше еден од најчестите Топ 3 пласмани во тековната и изминатата сезона.
Значи, имаме минимални резлики помеѓу двата најбрзи тима, со времиња забележани на црвените гуми, но количеството и нивото на моќност на ПЕ се непознати за пошироката јавност. Од Ред Бул најавија дека денес Холанѓанецот ќе настапи со ПЕ од болидот кој учествуваше во инцидентот на Силверстоун.
Серџо Перез го имаше 8-то најбрзо време, иако Мексиканецот има тенденција да започнува полека и да го забрзува темпото како што одминува викендот. Денот се покажа жежок, температурата на асфалтот под небо без облаци веќе се приближуваше до 50 степени, па возачите работеа со поставките за да ги натераат гумите ефикасно да работат во такви услови.
Многумина се жалеа на силниот ветер. Чарлс Леклер излета од патеката во петтиот свиок, Фернандо Алонсо, се изврте на излезот од четвртиот, влета во тревата и го оштети предното крило, но можеше да се врати во боксот.
Јуки Цунода најпрво имаше несигурност во деветтиот свиок, а во 41. минута со болидот заврши во бариерите по излетувањето во четвртиот свиок. Тренингот беше прекинат неколку минути, за да се евакуира болидот на АлфаТаури.
Подобрата вест за тимот беше што неговиот тимски колега, Пјер Гасли се врати во својата вообичаена форма, по слабиот настап на Силверстоун. Тој заврши на извонредното петтото место на табелата. Проблеми со својот болид имаше и Антони Џовинаци, комплетирајќи само пет круга.
Исто така возачите на Мекларен викендот го започнуваат со послабо темпо, а нивната вистинска форма ја покажуваат дури на саботниот тренинг, т.е. квалификациите. За разлика од нив, нивните конкуренти за третото место, тимот на Ферари имаше добар почеток на викендот.
Карлос Саинц Јр. го забележа четвртото најбрзо време, додека Чарлс Леклер го имаше седмото време, но со поголемо заостанување зад тимскиот колега.
Ферари, секако, има двајца возачи кои настапуваат најдобро, и до сега хармонијата во тимот беше добра. Тие вчера изјавија дека очекуваат да бидат најдобри од останатите, но дали би можеле да влезат во комбинација за подиум ќе покаже времето.
Ќе видиме ли порепрезентативни времиња на попладневната тренинг сесија, која што започнува во 15:00 часот по македонско и унгарско време, речиси во најжешкиот дел од денот, кога возачите ќе се фокусираат на подолги стинтови, т.е. барање на најдобрите поставки за тркачкото темпо.
| 2021 УНГАРСКО ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:17.555 | 21 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:17.616 | + 0.061 | 26 |
| 3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:17.722 | + 0.167 | 25 |
| 4 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:18.115 | + 0.560 | 24 |
| 5 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:18.181 | + 0.626 | 27 |
| 6 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:18.385 | + 0.830 | 26 |
| 7 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:18.391 | + 0.836 | 23 |
| 8 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:18.467 | + 0.911 | 20 |
| 9 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.649 | + 1.094 | 26 |
| 10 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:18.755 | + 1.200 | 25 |
| 11 | Естебан Окон | Алпин | 1:18.765 | + 1.210 | 26 |
| 12 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:18.770 | + 1.215 | 28 |
| 13 | Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:18.989 | + 1.434 | 22 |
| 14 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:19.265 | + 1.710 | 27 |
| 15 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:19.724 | + 2.169 | 24 |
| 16 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:19.824 | + 2.269 | 24 |
| 17 | Мик Шумахер | Хас | 1:20.383 | + 2.828 | 26 |
| 18 | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:20.639 | + 3.084 | 23 |
| 19 | Никита Мазепин | Хас | 1:20.992 | + 3.437 | 23 |
| 20 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:21.889 | + 4.334 | 5 |
| ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - ХУНГАРОРИНГ 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.814 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.141 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:21.347 2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:18.486 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:17.615 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:17.233 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:16.003 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:17.555 |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||





