Финецот заврши со предност од 0.027 делови од секундата пред Луис Хамилтон, тимскиот колега од Мерцедес АМГ.
Макс Ферстапен беше трет најбрз со болидот на Ред Бул и заостанување од релативно високи три дестинки. Останатите беа далеку поназад.
До почетокот на втората тренинг сесија, асфалтот на Хунгароринг се загреа до рекордни 64 степени оваа година, тимовите мораа да бараат пристап за работа со гума во топло време, следејќи ја состојбата на задните гуми. Многу возачи се жалеа на подуправливост или преуправливост на своите болиди.
Во тимот на АлфаТаури механичарите работеа напорно и успеаа да го оспособат болидот на Јуки Цунода, за само еден мерен круг на крајот од сесијата. Јапонецот заврши во бариерите покрај патеката на крајот на првата тренинг сесија. Беше заменет менувачот во неговиот болид.
Никита Мазепин мораше да ја прекине својата симулација на трка поради бавно пробивање на задната десна гума. Чарлс Леклер излета од патеката во првиот свиок, блокирајќи ги гумите под сопирање.
Според прикажаното на асфалтот Мерцедес АМГ изгледаше конкурентен во услови на топло време. Двајцата возачи немаа проблеми во текот на сесијата, со тоа што Ботас беше малку побрз од неговиот тимски колега.
Што се однесува до Ферстапен, тој беше критички настроен во радио комуникацијата со тимот, се жалеше на подуправливост и дури отиде дотаму што рече дека неговиот болид се чувствува "скршен". Но, тој не беше единствениот возач што се мачеше, Перез исто така имаше слични проблеми, додека многу од возачите се жалea на прегревање на задните гуми.
Естебан Окон е изненадувањето на денот, забележувајќи го четвртото најбрзо време, 0.065 делови од секундата пред поранешниот тимски колега Серџо Перез, со болидот на Ред Бул. Алпин го имаше и Фернандо Алонсо на седмото место на табелата, прикажувајќи содина брзина на жешкиот асфал на Хугароринг.
| 2021 УНГАРСКО ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:17.012 | 29 | |
| 2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:17.039 | + 0.027 | 27 |
| 3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:17.310 | + 0.298 | 24 |
| 4 | Естебан Окон | Алпин | 1:17.759 | + 0.747 | 29 |
| 5 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:17.824 | + 0.812 | 23 |
| 6 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:18.115 | + 1.101 | 31 |
| 7 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:18.169 | + 1.157 | 27 |
| 8 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:18.228 | + 1.216 | 31 |
| 9 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.315 | + 1.301 | 25 |
| 10 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:18.320 | + 1.308 | 30 |
| 11 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:18.370 | + 1.358 | 30 |
| 12 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:18.441 | + 1.429 | 32 |
| 13 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:18.737 | + 1.725 | 26 |
| 14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:19.277 | + 2.265 | 21 |
| 15 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:19.292 | + 2.280 | 29 |
| 16 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:19.479 | + 2.467 | 30 |
| 17 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:19.671 | + 2.659 | 3 |
| 18 | Мик Шумахер | Хас | 1:19.817 | + 2.805 | 29 |
| 19 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:20.186 | + 3.174 | 28 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:21.881 | + 4.869 | 28 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - ХУНГАРОРИНГ 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.482 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:23.949 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:20.435 2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:18.455 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:16.834 2019 Пјер Гасли - Ред Бул - 1:17.854 2020 Себастијан Ветел - Ферари - 1:40.464(дожд) 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:17.012 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||




