Изјави од победниците и губитниците на квалификациската сесија на патеката Ред Бул Ринг во Шпилберг, Австрија.
ПОБЕДНИЦИ
Ландо Норис, П2: "Многу сум среќен! Мој најдобар резултат на квалификациите во Формула 1, големо достигнување за нас како тим, но и за мене. Тоа беше еден од најдобрите кругови што ги направив."
"Да се биде само половина десетинка од Пол позицијата е одлично достигнување за секого. Мислам дека не можевме да направиме нешто повеќе, па затоа П2 е одличен за нас и е одлична позиција да ја започнеме утрешната трка. Да видиме што можеме да направиме."
Џорџ Расел, П9: "Квалификациите беа прилично посебни, обично имаме добар настап во сабота, но ова беше на друго ниво. Имав голема доверба во болидот, што навистина помогна кога требаше да го поставам најдобриот Q3 круг со само еден обид."
"П9 во какви било околности е одлична стартна позиција, но почетен стинт на жолтите гуми со неколку болиди пред нас на црвени не става во силна позиција за трката и се надеваме дека ќе ни даде вистинска предност кога станува збор за донесување одлуки за стратегија."
"Навистина сум задоволен за целиот тим, успеавме да го задржиме моментумот по проблемите од минатата недела. Јас сум многу возбуден за утрешната трка."
Серџо Перез, П3: "Среќен сум, ова е многу добар резултат за тимот тука на нашата домашна патека во Австрија. Јас и Макс сме во добра почетна позиција и се надеваме дека утре ќе можеме да имаме добар старт, тоа ќе биде критично."
"Севкупно, беше навистина тежок викенд до сега, немав добар баланс, го истражувавме болидот во сите области и само се подобрувавме со секој комплетиран круг. Стартувам на медиум, но прашањето е дали ќе имаме трка со едно или две застанувања во бокс."
"На крајот, добивме добар круг, сè може да се случи утре и верувам дека имаме подобар тркачки болид од квалификациите, па се надевам дека ќе можеме да забележиме солидни поени за тимот. Честитки и за Ландо, тој имаше многу добар круг."
ГУБИТНИЦИ
Кими Раиконен, П16: "Имав добро чувство и болидот се однесуваше прилично добро во првиот круг, но со вториот сет на гуми, едноставно немав предност на првите два свиока."
"Не знам што го предизвика тоа, бидејќи подготвителниот круг беше добар како и секогаш, но јас имав неколку десетинки плус дефицит по првите свиоци и тоа беше моментот која мојот круг пропадна."
"Успеав малку да надополнам во остатокот од кругот, но штетата беше направена. Минатата недела имавме добар напредок во трката, па ајде да видиме што можеме да направиме утре."
Чарлс Леклер, П12: "Измешани чувства по денешните квалификации. Од една страна, бевме свесни за ризикот да останеме без Q3 пласман, давајќи приоритет да го поставиме нашиот најбрз круг на жолтите гуми за да одговара на нашата стратегија. Самиот круг беше доста добар."
"За жал, некои од нашите конкуренти завршија пред нас на истата смеша, што е разочарувачка страна од тоа. Нашето тркачко темпо беше солидно и имаме слободен избор на гуми за почеток."
"Мораме точно да анализираме која стратегија е најдобра за утре, имајќи предвид дека пред нас има доста болиди, од кои некои започнуваат на жолтите гуми. Ова ќе ги направи работите малку посложени, бидејќи нашата предност е намалена. Ќе дадеме сè од себе да се претставиме најдобро на трката."
Луис Хамилтон, П4: "Овој викенд предизвикот е поголем отколку што беше минатата недела и ние продолжуваме да немаме темпо. Се обидовме сè за да извлечеме повеќе од болидот, но основното темпо едноставно не е доволно добро во моментов, така што навистина мора да најдеме перформанси на следните трки."
"Не знам дали Мекларен донесе надградба, но тие беа мега брзи денес многу добaр круг од страна на Ландо. Ние треба да се обидеме да се подобриме, ни претстои уште напорна работа. Денес на топло време, Ред Бул направи чекор напред, додека ние зачекоривме наназад, па да видиме што носи утрешната трка."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ГН НА АВСТРИЈА
7/03/2021 08:29:00 PM
0
Share to other apps








