Изненадување на денот е Џорџ Расел, кој ќе стартува заедно со Холанѓанецот од првиот ред. Луис Хамилтон и Даниел Рикиардо ќе ја започнат трката од вториот, Ветел и Гасли од третиот ред.
Времето беше клучен фактор за овој викенд на СПА-Франкоршамп. На петочните тренинг сесии возачите можеа да работат со гумите за сува патека, иако врнеше дожд помеѓу сесиите. Сепак, дождот денес беше со поголем интензитет.
Обично за Белгиското Гран При болидите се подесуваат со минимална потисна сила, но поради големата веројатност за врнежи за време на квалификациите и трката, многумина одлучија да ги "притиснат" болидите посилно од вообичаеното.
Повеќето тимови воведоа нови ПЕ за СПА, патека која бара голема можност од нив, но никој досега не го надмина лимитот, така што нема казни за замена на моторите. Двајца возачи ги започнаа квалификациите знаејќи дека ќе загубат пет стартни, Валтери Ботас и Ленс Строл кои беа казнети на минатата трка во Унгарија.
Во 15 часот, кога беа закажани квалификациите врнеше силен дожд, па почетокот беше одложен на неопределено време. Мајкл Меси, тркачкиот директор на ФИА им најави на тимовите дека ќе има пет минутно предупредување пред да се отвори пит-линијата.
Q1 сесијата започна наскоро, во 15:12 часот. Расел и Латифи избраа интермедиа пневматици, останатите излегоа на сините гуми за дожд. Канаѓанецот се изврте на патеката, така што Џорџ мораше да забави поради жолтите знамиња, но веќе во следниот круг Вилијамс ги презеде првите две позиции.
Гумите за дожд ефикасно ја отстрануваа водата од траекторијата, патеката стануваше побрза секоја минута, па постепено сите се префрлија на интермедиа гумите. Најбрзотоо време го забележа Ландо Норис.
На дождот не се снајдоа Џовинаци, Цунода, Шумахер, Раиконен и Мазепин кои што отпаднаа од понатамошната борба.
На почетокот од Q2 сесијата сите возачи се решија за интермедиа гумите. Возачите на Мерцедес АМГ добија употребуван сет, но ривалите тргнаа со нов сет на гуми, па така Хамилтон и Ботас во следниот круг мораа во бокс по нови сетови на зелените гуми.
Поради тоа, возачите на Мерцедес АМГ заостануваа на табелата и две минути пред крајот на сесијата немаа пласман во првите десет, но во последниот обид успеаја да надоместат.
Ландо Норис повторно го имаше најбрзиот круг, дефинирајќи се како главен конкурент за Пол позицијата, чиј единствен конкурент беше Макс Ферстапен. Поради прерано излегување на патеката возачите на Ферари беа елиминирани и останаа без плсман во Q3 сесијата.
Чарлс Леклер беше на П11, следен од Николас Латифи, Карлос Саинц Јр., Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
Во финалната Q3 сесија дождот се засили. Ландо Норис прв излезе на патеката, следен од Себастијан Ветел, двајцата на сините гуми за дожд. Германецот веднаш се пожали преку тимското радио дека дождот е силен и го повика тркачкиот директор да ја прекине сесијата.
Една минута подоцна, се појавија црвени знамиња, причина излетувањето на Ландо Норис во Раидилон свиокот. Мекларенот силно удри во заштитните бариери покрај патеката, се изврте неколку пати и заврши на спротивната страна од патеката. За среќа, немаше никој позади.
Возејќи на безбедна дистанца позади него, Себастијан Ветел застана покрај распаднатиот болид на Ландо Норис, а двајцата разменија гестови, а возачот на Мекларен потврди дека се е во ред со него.
Мекларенот беше евакуиран, а младиот Британец беше испратен во медицинскиот центар за преглед. Дождот намали, и по паузата од речиси 42 минути Q3 сесијата беше рестартирана.
Условите на патеката им дозволија на возачите да излезат на зелените интермедиа гуми на Пирели. Единствено Џорџ Расел и Естебан Окон ги избраа сините гуми за дожд, но веќе во следниот круг тие исто така се префрлија на интермедиа гумите.
Во првиот обид, Луис Хамилтон го имаше најбрзото време, но болидите беа наполнети со гориво за два брзи круга, па така сите останаа на патеката, и по еден подготвителен круг ги започнаа вторите брзи круга.
На патеката имаше се помалку вода, патеката стануваше побрза секоја секунда. Во вториот обид, Џорџ Расел го постави најбрзото време, кое Луис Хамилтон не успеа да го надмине, но Макс Ферстапен возеше три десетинки побрзо, доволно за Пол позицијата.
Големата Награда на Белгија е закажана за утре, 15:00 часот.
| 2021 БЕЛГИСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:59.765 | |
| 2. | Џорџ Расел | Вилијамс | 2:00.086 | + 0.321 |
| 3. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 2:00.099 | + 0.334 |
| 4. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 2:00.864 | + 1.099 |
| 5. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 2:00.935 | + 1.170 |
| 6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 2:01.164 | + 1.399 |
| 7. | Серџо Перез | Ред Бул | 2:02.112 | + 2.347 |
| 8. | Валтери Ботас* | Мерцедес АМГ | 2:02.502 | + 2.737 |
| 9. | Естебан Окон | Алпин |
2:05.515 | + 3.748 |
| 10. | Ландо Норис | Мекларен | / | / |
| Q2 Најбрзо Време: Ландо Норис - 1:56.025 | ||||
| 11. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:57.721 | + 1.696 |
| 12. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:58.056 | + 2.031 |
| 13. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:58.137 | + 2.112 |
| 14. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:58.205 | + 2.180 |
| 15. | Ленс Строл* | Астон Мартин |
1:58.231 | + 2.206 |
*казна 5 позиции Q1 Најбрзо Време: Ландо Норис - 1:58.301 |
||||
| 16. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 2:02.306 | + 4.005 |
| 17. | Јуки Цунода |
АлфаТаури |
2:02.415 | + 4.112 |
| 18. | Мик Шумахер | Хас | 2:03.973 | + 5.672 |
| 19. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 2:04.452 | + 6.151 |
| 20. | Никита Мазепин |
Хас | 2:04.939 | + 6.638 |
| 107% време: 2:06.582 | ||||
|
ХИБРИДНА ЕРА - СПА ФРАНКОРШАМП 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 2:05.591 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:47.197 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:46.744 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:42.553 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:58.179 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:42.519 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:41.252 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:59.765 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||||





