Изјави од победниците и губитниците на квалификациските сесии на патеката Силверстоун, домаќин на Големата Награда на Велика Британија.
ПОБЕДНИЦИ
Џорџ Расел, П2: Да бидам искрен, дури и не знам што да кажам. Мислев дека по вчерашнитe тренинзи би било убаво ако ја поминеме Q1 сесијата, но се покажа дека ја освоивме втората стартна позиција и ќе започнеме од првиот ред!"
"Тимот заврши одлична работа денес, секогаш бевме на патеката во вистински момент, болидот се однесуваше совршено, а сега имаме сигурен став пред утрешната трка. Имавме среќа, бидејќи пласманот во Q3 сесијата е нетипична ситуација за нас и немавме што да загубиме. Затоа, беше неопходно целосно да се искористи тоа."
"Јасно е дека сега се уште сум импресиониран, но, се разбира, најважниот ден е утре, и во трката ќе се обидеме повторно да освоиме поени. На стартот ќе се обидам да се натпреварувам за лидерската позиција, мојот план е токму тој, и ако одеднаш се појави шанса, ќе се обидам да не ја пропуштам!"
Макс Ферстапен, П1: "Многу сум среќен со Пол позицијата тука на домашното ГП, но не беше се така лесно. Беше многу тешко да се извози добар круг, јас само се обидував да ги пронајдам вистинските линии во вистинското време и да добро да проценам колку брзо ќе ги нападнам свиоците по толку долгото црвено знаме."
"Беше многу важно гумите да се доведат до вистинската работна температура, бидејќи тоа може да ви донесе неколку секунди во еден круг на толку долга патека."
"Утре не знаеме дали ќе имаме старт на сув или влажен асфалт, мислам дека ако е влажен, немам ништо против дали да стартувам прв затоа што барем би требало да имам чист поглед, но само се надевам дека ќе имаме добар и чист почеток на трката."
"Исто така, се надевам дека Ландо се чувствува добро и дека нема сериозни повреди, бидејќи тоа воопшто не изгледаше како обично излетување. Тој е мој добар пријател, па се надевам дека ќе може да се трка утре."
Даниел Рикиардо, П4: "За мене, ова се моите најдобри квалификаци за Мекларен, па морам да ја извлечам позитивата од тоа. Бев на тимското радио и ги кажував условите, и наеднаш доживеав аквапланинг во седма брзина. Претпоставувам дека можев да бидам подиректен и да речам дека е време за црвено знаме. Тешко е. Не сакаш да бидеш тој што вели дека не сакаш да возиш, но вистината е дека условите едноставно не беа доволно безбедни."
"Во СПА, ги добивате овие услови и јас никогаш не би помислил дека ќе ги завршиме кваливикациите на интермедиа гумите. Немам идеја како патеката се исуши толку брзо. Таа е толку непредвидлива. Од оваа перспектива, немавме потреба да излегуваме толку рано на патеката во Q3. Ќе учиме на грешките."
"Џорџ направи огромна работа, лоши услови или не, тој направи навистина одлична работа. Тој беше еден од возачите, кога асфалтот почна да се суши толку брзо, што ако бевте на крајот или го погодивте вистинскиот тајминг, добивате многу, но тоа треба да се направи. Бев среќен со мојата четврта позиција и тогаш кога тимот рече дека Џорџ е втор, јас бев изненаден, АХХХХХХХХХ!. Сепак, тој работи добро во текот на целата година."
ГУБИТНИЦИ
Јуки Цунода, П17: "Имав цел постојано да ја развивам брзината и довербата во болидот во текот на викендов и мислам дека го направив тоа добро, подобрувајќи се преку тренинзите."
"Како и да е, денес условите во квалификациите дефинитивно не беа лесни, особено затоа што немам големо искуство со возење на влажно во Формула 1 болид. Разочаран сум што не успеав да стигнам до Q2, бидејќи болидот дефинитивно имаше брзина за тоа, но едноставно не бев доволно брз за да успеам."
"Мислам дека треба да се надеваме на променливи временски услови за утрешната трка за да ми се овозможи да се искачам во поредокот."
Фернандо Алонсо, П14: "Денес не бев во можност да најдам доволно грип при променливите услови на патеката и нашата стартна позиција ќе ни ја направи утрешната трка тешка. Се најдов на 14-тата позиција и во Q1 и во Q2, па мислам дека тоа беше моето темпо на денешните квалификации. Ако е вака и на утрешната трка се е возможно да се случи, па да видиме кој ќе биде крајниот резултат. Мило ми е што Ландо е добро по неговата несреќа."
Ленс Строл, П15: "Ова е неочекуван и лош резултат за квалификации. Болидот се однесуваше добро во сложените услови во текот на денот, а крајот на Q2 сесијата беше клучен бидејќи условите постојано се подобруваа."
"Се префрливме на нов сет на интермедиа пневматици за да се обидеме да ја искористиме ситуацијата, но времето истече и не успаев да започнам брз круг, што значеше дека многу возачи околу мене можеа лесно да го подобрат времето."
"Ќе разгледаме како се случи тоа и се надевам ќе научиме нешто од тоа. Тоа значи дека утре ќе стартуваме од последниот ред на гридот, но сепак верувам дека можеме да постигнеме добар резултат бидејќи ова е патека на која може да претекнувате, особено ако времето продолжи да биде променливо."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО СПА
8/28/2021 09:06:00 PM
0
Share to other apps








