Астон Мартин нема да ја поднесе најавената жалба до Апелациониот суд на ФИА, одлучувајќи да го повлече својот приговор против дисквалификацијата на Себастијан Ветел, кому му беше одземено второто место на трката за ГН на Унгарија, поради тимска повреда на техничките прописи.
Во официцијано соопштение на Астон Мартин се вели: "Откако ја разгледавме ситуацијата во која се наоѓаме, по пресудата на стјуардите на ФИА, кои велат дека тимот обезбедил нови докази за дефект на системот за гориво, ние сепак ја повлековме жалбата. Ние веруваме дека ова е поразумно отколку да се потпираме на хипотетички предности што можат да ги донесат понатамошните постапки."
Во Унгарија, Ветел заврши втор, но беше дисквалификуван затоа што по трката, стјуардите на ФИА не можеа да го извадат од резервоарот на неговиот болид потребниот 1 литар гориво што се бара со техничките прописи.
Тимот веднаш ја објави својата намера да ја оспори одлуката на стјуардите, но по сослушувањата одржани минатиот понеделник, ФИА ја задржа дисквалификацијата.
Така, резултатите од трката за ГН на Унгарија веќе може да се сметаат за официјални.
По дисквалификацијата на Ветел, сите возачи кои завршија после него, почнувајќи од Луис Хамилтон, се искачија по едно место погоре во поредокот.
Луис Хамилтон е втор, Карлос Саинц Јр. трет, и така натаму. По 11 трки од 2021 сезоната, Астон Мартин го зазема 7-то место во пласманот кај конструктори зад АлфаТаури.
ДИСКВАЛИФИКАЦИЈАТА НА ВЕТЕЛ Е КОНЕЧНА
8/13/2021 12:52:00 AM
0
Share to other apps



