Формула 1 го потврди откажувањето на трката за Големата Награда на Јапонија со објавување официјално соопштение во кое се вели:
"Во консултација со промоторот на трката и јапонските власти, јапонската влада одлучи да ја откаже трката поради тековните тешкотии предизвикани од пандемијата."
"Формула 1 работи на ревидирана верзија на календарот и ќе објави детали во наредните недели. Во 2020 година и оваа сезона, Формула 1 ја покажа способноста за прилагодување и наоѓање решенија во услови на неизвесност и задоволни сме од големиот интерес од страна на организаторите на трките."
Промоторот на Јапонското ГП, компанијата во сопственост на Хонда, Мобилитиленд, објави свое соопштение:
"Со големо жалење моравме да донесеме многу тажна и болна одлука. Се подготвивме и со нетрпение очекувавме да бидеме домаќини на Јапонското ГП за прв пат од 2019 година, но едноставно немавме друг избор освен да ја откажеме трката."
"Работевме долго и напорно за да се подготвиме за настанот. Една од главните мотивации беше учеството на Јуки Цунода, првиот јапонски возач во Формула 1 по седум години, но и последната домашна трка за Хонда."
"Многу ни е жал што Јапонското ГП мораше да се откаже втора година по ред, и од овој момент започнуваме со подготовките за трката во 2022 година."
На крајот на тековната сезона, Хонда се повлекува од Формула 1, префрлајќи ја својата технологија на Ред Бул. Јапонската компанија, која направи сериозен напредок со својата погонска единица, домашната трка ја очекуваше со нетрпение, бидејќи на патеката Сузука тие за прв пат по подолго време ќе можеа да се натпреваруваат за победа.
"За жал, Јапонското Гран При е откажано втора година по ред. Овој пат сме особено вознемирени, ова е нашата последна година во Формула 1, знаеме дека многу фанови чекаа можност да присуствуваат на патеката. Сезоната 2021 се ближи до кулминација, ќе дадеме се од себе, ќе се бориме напорно за да ја постигнеме нашата цел, освојување на шампионската титула."
"Формула 1 проектот на Хонда е при крај, се надеваме дека фановите ќе продолжат да не поддржуваат. Како главен спонзор на Јапонското ГП, би сакале да им се заблагодариме на промоторите и раководството на Формула 1 за нивната напорна работа, тие се обидоа да го организираат овој настан се додека не стана јасно дека тоа е невозможно."
ОТКАЖАНА ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ЈАПОНИЈА
8/19/2021 01:56:00 PM
0
Share to other apps
