Викендов се одржува една од најпознатите трки во светот на мотоспортот, легендарната 24 Часа Ле Ман. Фернандо Алонсо и тимот на Алпин ќе извозат демо кругови пред самиот почетокот на трката. Во интервју за шпанската агенција ЕФЕ, тој се присети на неговите настапи во WEC и зборуваше за сезоната во Формула 1.
- Што забележавте по враќањето во Формула 1? Кој од возачите напредуваа, а кои назадуваа?
"Од 2018 година, нема многу промени: истите тимови, истите луѓе... Тогаш Мерцедес АМГ доминираше, а во Ред Бул се обидуваа да наметнат борбата со нив. Сега е исто: Луис Хамилтон и Макс Ферстапен се борат за титулата. Значи, Формула 1 се нема променето многу во овие три години."
- Претходно, рековте дека главна работа за возачот не е возраста, туку брзината. Во Унгарија, прославивте 40 години, а потоа, заедно со вашиот тимски колега, докажавте дека под одредени околности, тимот на Алпин може да победи. Можете ли да победите на уште една трка оваа година?
"Такви беа околностите на Хунгароринг, но тоа не се случува толку често колку што би сакале. Ја искористивме укажаната прилика и победивме. Но, таква трка, кога скоро сите фаворити се елиминирани во првиот свиок, се случува на секои неколку години."
"Ајде да видиме дали можеме да го подобриме болидот за да не мора да чекаме вакви инциденти за да се искачиме на подиумот, туку да атакуваме со сопствени сили."
- Дали ќе има таква можност во втората половина од сезоната? Повеќето од тимовите веќе се префрлија на подготовки за следната година...
"Мислам дека до следната година, речиси ништо нема да се промени. Втората половина од сезоната сепак ќе биде интересна, бидејќи не очекуваат нови предизвици и интересни трки, како трката на историската патека во Монца."
"Покрај тоа, Турското ГП се врати во календарот минатата година, но тогаш не можев да учествувам на него и со нетрпение очекувам да се вратам во Истанбул. Остин има прекрасна патека..."
"Следува нова трка во Саудиска Арабија, па ќе има многу интересни работи. Но, верувам дека треба да чекаме до следната сезона за да се натпреваруваме за високи резултати."
- Што мислите за откажувањето на Јапонското ГП?
"Ми се допаѓа Јапонија и Сузука, така што откажувањето на трката е лоша вест. Сите со нетрпение го очекувавме патувањето во Јапонија, но трката беше откажана од безбедносни причини. Го прифаќаме тоа, не може да биде поинаку."
"Календарот за втората половина од сезоната се уште може да се промени, некои трки остануваат под знак прашалник. Ќе се обидеме да одржуваме трки таму каде што е безбедно и каде што ќе бидеме добро примени. Мислам дека календарот ќе се ажурира неколку недели пред секое Гран При."
- Следната трка ќе се одржи во СПА, што очекувате од првата трка по летната пауза?
"Имам одлични спомени на оваа патека, бидејќи мојата победа во Ф3000 одигра одлучувачка улога во мојот премин во Формула 1. По таа трка почнаа да ме повикуваат тимовите од Формула 1. Покрај тоа, многу добро се сеќавам и на двете победи во WEC во СПА, особено лудата трка во 2019 година кога времето постојано се менуваше."
- Кој ќе ја освои титулата: Хамилтон или Ферстапен?
"Не знам. Фаворитот се менува со секоја измината трка. Се надевам дека судбината на титулата ќе биде решена на последната трка, и ние ќе уживаме во сезоната."
- Алaн Прост е советник на Алпин Ф1. Какви се вашите односи со четирикратниот шампион?
"Отсекогаш сме имале добри односи, се почитуваме. Како дете, ги следев борбите на Прост и Сена, а сега Алан стана советник на нашиот тим и ние сме среќни на секој негов предлог. Сега нашата врска стана подобра, затоа што се среќаваме почесто, и овие врски стануваат посилни. Но, никогаш немавме проблем."
- Дали се уште може да ве научи на нешто? Или е обратно, бидејќи Формула 1 многу се промени откако се пензионираше?
"Многу е тешко да се следи развојот на технологијата, но кога комуницирате со такви легендарни личности, секогаш добивате нешто позитивно. Нивниот совет е секогаш вреден."
- Овој викенд се одржува 24 часа Ле Ман, трка на која што вие и Тојота имате две победи. Кои се вашите сеќавања за овие победи, какво место заземаат во вашата кариера?
"Многу ги ценам овие победи. Ле Ман и Инди500 се меѓу најважните трки во мотоспортот. Заедно со Формула 1, тие постојат долго време, а целата историја на мотоспортот се развива околу нив."
"Имам добри спомени поврзани со Ле Ман, и јас сум среќен што овој викенд сум присутен тука. Кој знае дали повторно ќе можам да учествувам на оваа трка, но се надевам дека ќе можам да настапувам во мотоспортот уште многу години."
"Имам два старта на Ле Ман, победив на двете трки, така што во моментов имам 100% успех, и малку се плашам да учествувам на оваа трка по трет пат, лентата е поставена превисоко. (се смее)"
- Во Ле Ман, не само што имате учествувано на трката како возач, туку го имате означено и нејзиниот старт. Што ќе правите викендов?
"Не очекува прослава на брендот Алпин, сакаме да покажеме дека тој не е поврзан само со Формула 1, туку и со сите мотоспортови, вклучително и Ле Ман. Одлично е што групацијата Рено има автомобилска марка која е толку тесно поврзана со мотоспортот. Мислам дека ќе ja поминеме патеката во Формула 1 болид, ова е историски настан, важен момент за брендот Алпин и воопшто за мотоспортот."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.
