По првиот тренинг повторно врнеше дожд на СПА-Франкоршамп, но возачите на Формула 3 се квалификуваа на сув асфалт, па до почетокот на втората тренинг сесија површината беше исушена речиси на целиот круг од седум километри.
Сепак на почетокот, Валтери Ботас, Кими Раиконен и Пјер Гасли се решија да ја оценат состојбата на патеката на зелените интермедиа гуми, но кога беше јасно дека тоа не е вистинскиот избор сите останати возачи излегоа на гумите за суво време, фокусирајќи се на проценка на абењето на истите и фино подесување на болидите за утрешните квалификации.
Времињата на Карлос Саинц Јр. и Јуки Цунода беа избришани бидејќи излегоа од границите на патеката во 9-от свиок.
Транинг сесиите се за пронаоѓање на границите на болидот, па така ретко поминува сесија без развеани жолти знамиња поради излетување надвор од патеката.
Пјер Гасли возеше по помошната лента во петтиот свиок, Естебан Окон се сврте на излезот од 13-от свиок без последици за болидот, но сетот гуми беше оштетен.
Во 44-та минута, тренингот беше прекинат со црвени знамиња, поради излетувањето на Чарлс Леклер на излезот од шестиот свиок, удирајќи со болидот во заштитните бариери покрај патеката.
Возачите мораа да ги прекинат започнатите стинтови и се вратија во своите гаражи. Пет минути подоцна, сесијата продолжи, без понатамошно учество на Моначанецот.
Втор пат црвените знамиња се појавија во последните минути, по излетувањето на Макс Ферстапен на излезот од седмиот свиок. Стјуардите одлучија тренинг сесијата да не продолжи.
| 2021 БЕЛГИСКО ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:44.472 | 12 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:44.515 | + 0.041 | 14 |
| 3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:44.544 | + 0.072 | 13 |
| 4 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:44.953 | + 0.481 | 15 |
| 5 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:44.965 | + 0.493 | 17 |
| 6 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:45.180 | + 0.708 | 14 |
| 7 | Естебан Окон | Алпин | 1:45.302 | + 0.830 | 15 |
| 8 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:45.336 | + 0.864 | 16 |
| 9 | Ландо Норис | Мекларен | 1:45.386 | + 0.914 | 18 |
| 10 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:45.404 | + 0.932 | 13 |
| 11 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:45.517 | + 1.045 | 14 |
| 12 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:45.758 | + 1.286 | 17 |
| 13 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:45.789 | + 1.317 | 16 |
| 14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:45.967 | + 1.495 | 18 |
| 15 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:46.118 | + 1.646 | 14 |
| 16 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:46.198 | + 1.726 | 17 |
| 17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:46.665 | + 2.193 | 14 |
| 18 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:46.836 | + 2.364 | 13 |
| 19 | Никита Мазепин | Хас | 1:47.335 | + 2.863 | 14 |
| 20 | Мик Шумахер | Хас | 1:47.529 | + 3.805760 | 15 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - СПА ФРАНКОРШАМП 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:49.189 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:49.385 2016 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:48.085 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:44.753 2018 Кими Раиконен - Ферари - 1:43.355 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:44.123 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:43.744 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:44.472 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||



