Финецот беше за 0.164 делови од секундата побрз од Ферстапен, а Пјер Гасли заврши на импресивното трето место за АлфаТаури.
Значи, на хартија првичната предност е за Мерцедес АМГ, но врз основа на сесијата во целина, секако изгледа дека Ред Бул има многу повеќе да понуди, пред се на потврдите смеши на Пирели.
Хамилтон не ја покажа целосната брзина на Мерцедес АМГ бидејќи беше попречен од Николас Латифи во неговиот брз круг, но исто така возеше и со задно крило подесено за поголема потисна сила за разлика од Ботас, кој имаше задно крило за помала потисна сила.
Понатаму на табелата следуваат возачите на Ферари, а Чарлс Леклер и покрај излетувањето низ чакалот имаше пристојна сесија забележувајќи го четвртото најбезо време, што беше за десетинка побрзо од неговиот тимски колега на петтото место.
Првиот ден на СПА-Франкоршамп беше вистинска есен. До пред почетокот на првата тренинг сесија, воздухот едвај се загреа до дванаесет степени, врнеше и временската прогнозата ветува слично време за сите три дена.
На почетокот возачите излегоа на зелените интермедиа гуми на Пирели, но поголемиот дел од патеката беше сув, па по кратка пауза, за втората серија на кругови, секој од возачите излегуваше на гумите за суво време, некој на белата, некој на жолтата смеша.
Во неколку наврати имавме развеани жолти знамиња, најпрво кога Кими Раиконен и Јуки Цунода се извртеа на патеката при излез од првиот свиок, без последици за болидите. Подоцна, Финецот имаше контакт со бетоснките бариери на влезот во боксевите, па неговите механичари имаа дополнителна работа.
На крајот од сесијата, возачите се обидоа на црвените гуми, и очекувано, забележувајќи ги своите најбрзи времиња. Втората тренинг сесија која секогаш ни носи порелеванти заклучоци за поредокот на тимовите е закажана за 15:00 часот.
| 2021 БЕЛГИСКО ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:45.199 | 18 | |
| 2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:45.363 | + 0.164 | 14 |
| 3 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:45.699 | + 0.500 | 20 |
| 4 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:45.818 | + 0.619 | 19 |
| 5 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:45.935 | + 0.736 | 20 |
| 6 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:46.127 | + 0.928 | 17 |
| 7 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:46.177 | + 0.978 | 19 |
| 8 | Ландо Норис | Мекларен | 1:46.336 | + 1.137 | 17 |
| 9 | Естебан Окон | Алпин | 1:46.497 | + 1.298 | 16 |
| 10 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:46.612 | + 1.415 | 16 |
| 11 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:46.649 | + 1.450 | 19 |
| 12 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:46.683 | + 1.484 | 20 |
| 13 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:46.755 | + 1.556 | 17 |
| 14 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:46.772 | + 1.573 | 19 |
| 15 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:46.928 | + 1.729 | 19 |
| 16 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:47.101 | + 1.902 | 20 |
| 17 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:48.125 | + 2.926 | 15 |
| 18 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:48.224 | + 3.025 | 17 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:48.705 | + 3.506 | 16 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:49.059 | + 3.860 | 15 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - СПА ФРАНКОРШАМП 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:51.577 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:51.082 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:48.348 2017 Кими Раиконен - Ферари - 1:45.502 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:44.358 2019 Себастијан Ветел - Ферари - 1:44.574 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:44.493 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:45.199 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||



