Тоа е една од неколкуте патеки кои ја задржаа магијата на нивниот оригинален изглед и преку новиот, модернизиран и скратен распоред, благодарение на своите легендарни делови како Eau Rouge, Pouhon и Blanchimont.
Искачувањето преку Eau Rouge до облаците надвиснати над дрвјата од шумите на Ардените е една од повеќето незаборавни глетки во овој мотоспорт. СПА-Франкоршамп се карактеризира со долг круг од седум километри, кои се поминуваат со голема брзина, големи промени на елевацијата, брзи свиоци и променливи временски услови.
Белгиското Гран При е трка каде што може да се случат многу неочекувани пресврти, со висока шанса за безбедносното возило, до неочекувана промена на времето, па стратегија на тимовите е многу значајна, т.е. нивната способност да ги прочитаат овие услови и да реагираат најбрзо што можат.
СПА-Франкоршамп, го претставува најтешкиот тест за Погонските единици во сезоната. Времето поминато под полн гас е на нивото на Монца, но свиоците и промената во елевацијата ја зголемуваат нивната оптовареност. Статистички гледано, Пол позицијата не е многу значајна на оваа патека, бидејќи таа е една од најлесните во календарот кога претекнување е во прашање, а тоа, исто така, е важен фактор при избор на тркачката стратегија.
Eau Rouge и Raidillon се едни од најпознатите свиоци во Формула 1, но предизвикот за нивно минување се менуваше со годините. Со сегашната генерација на болиди, тие практично се поминуваат без пуштање на педалот за гас, што значи дека реално имаме дво-километарски правец до Les Combes свиокот. Сепак, и тоа не е лесна задача, кога имаме исклучително големо оптоварување за амортизацијата на болидите.
Првиот и третиот сектор на СПА побаруваат голема моќност од ПЕ и мал отпор на болидите. Спротивно на тоа, вториот сектор е бавен, со голема побарувачка за потисна сила, и всушност може да се спореди со Монако во некои аспекти. Ова создава голема главоболка за инженерите и нивниот компромис при подесувањето на болидите.
Трката за Големата Награда на Белгија се состои од 44 круга и секогаш е комплицирана за предвидување на стратегијата, поради најдолгиот и најпроменливиот круг во сезоната, со непредвидливи временски услови и голема веројатност за излегување на безбедносниот автомобил.
Всушност, тој влијаеше на стратегијата минатата година, при што скоро сите возачи ги сменија гумите само еднаш во 11-от круг, релативно рано во трката, што значи дека се бараше нивно добро менаџирање до самиот крај. Во таа прилика, победничката стратегија беше жолти, па бели гуми.
Оваа година изгледа многу поинаку. За почеток, временските услови носат многу пониски температури од минатата година. Исто така, има големи шанси за дожд, со тоа што зелените интермедиа гуми доминираа на квалификациите.
Поладното време во теорија треба да ја направи стратегијата со едно застанување во бокс многу полесна за постигнување, но исто така може да поттикне повеќе возачи да ги изберат црвените гуми, за да пробаат стратегија со две застанувања во бокс, иако генерално тимовите сакаат да го ограничуваат бројот на пит-стопа за менување гуми.
Ако е суво, стартот на жолтите гуми нуди максимална флексибилност, но со влажна квалификациска сесија и сува трка, сите возачи можат да ја започнат трката со која што сакаат смеша на Пирели, секако од преостанатите нивни сетови.
Марио Изола, Пирели: "Прво и основно, на сите ни е драго што Ландо Норис е добро по големиот инцидент на една од најбрзите точки на патеката. Имавме исклучително незгодни квалификации, каде што беше многу тешко да се предвиди времето од минута во минута, принудувајќи ги тимовите да размислуваат брзо."
"Слични услови се очекуваат и за трката, така што тој посебен предизвик треба да продолжи. Интермедиа гумите, кои се користеа во најголемиот дел од квалификациите, се покажаа како способни да се справат со широк спектар на влажни и услови на сушење на асфалтот."
"Стратегијата за денешната трка, кога што се уште не знаеме со кој тип на гуми возачите ќе стартуваат, главно ќе се однесува на прилагодување на променливите околности, како што видовме во текот на вчерашниот ден."
| 2021 ГОЛЕМА НАГРАДА НА БЕЛГИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 2. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 3. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 4. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 5. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 6. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 7. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 8. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 9. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 10. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 11. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| казна 5 позиции | 12. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ |
| 13. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| казна 5 позиции | 14. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН |
| 15. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 16. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 17. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 18. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| 19. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | казна 5 позиции |
| старт од пит-линија | КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|








