Џорџ Расел е рангиран на второто место и за првпат во неговата кариера стигна до пласман на подиумот, прв за тимот на Вилијамс по 2017 Азербејџан ГП-то.
Луис Хамилтон заврши трет. Сите возачи во топ 10 пласманот освоија половина поени, поради фактот што трката траеше неверојатни 2 круга и тоа зад безбедносниот автомобил.
Следната недела Ф1 карванот се сели на Зандворт за Големата Награда на Холандија.
Дождливото време беше клучен фактор на изминатиот викенд во Спа-Франкоршамп. Само во петокот возачите успеаја да работат на сув асфалт, во саботата квалификациите се одржаа под дожд, а денес тој истураше од утрината.
На квалификациите, состојбата на патеката се менуваше од минута во минута, Ферстапен беше последниот што го извозе најбрзиот круг и успеа да биде подобар од Џорџ Расел, кој претходно ја имаше провизорната Пол позиција со болидот на Вилијамс.
Главната тема на разговор беше инцидентот на Ландо Норис во Раидилион во Q3 сесијата. По превентивниот преглед, Британецот беше пуштен од болница, а медицинскиот делегат на ФИА му дозволи да учествува во трката.
Мекларенот беше поправен, а Норис загуби само пет стартни места за промена на менувачот. Уште двајца возачи загубија пет стартни места поради инцидентите на трката во Унгарија, Валтери Ботас и Ленс Строл.
Кими Раиконен ја започна трката од пит-линијата откако го замени задното крило со ново, но и друга спецификација. Серџо Перез успеа да излета од патеката во кругот до кој требаше да стигне до својата 7-ма стартна позиција.
Во шестиот свиок изгуби контрола и удри во бариерите покрај патеката, заработувајќи скршена предна амортизација. Болидот беше евакуиран до гаражата на Ред Бул, а неговите механичари ја известија ФИА дека нема да може да го поправат болидот до стартот на трката.
Мајкл Маси, тркачкиот директор, најави старт зад безбедносниот автомобил, задолжително на сините гуми за дожд, но во последен момент дождот се засили и стартот беше одложен додека не се подобрат условите.
Возачите го започнаа загревачкиот круг со задоцнување од 25 минути од предвиденото време за почеток на трката, 15:00 часот. Но, дождот продолжи и прогнозата најавуваше дека неговиот интензитет ќе се зголеми. По два круга зад безбедносниот автомобил, се појавија црвени знамиња, беше проценето дека е опасно да се продолжи во такви услови.
Немаше многу вода на патеката, но видливоста зад болидите беше речиси нула. Возачите се наредија во пит-линијата и ги оставија болидите. Паузата се одолговлече на повеќе од два часа, па механичарите на Ред Бул успеаја да го поправат болидот на Серџо Перез, кој по барање на тимот, доби дозвола од стјуардите да ја започне трката од својата гаража.
Два часа по 15:00 часот, стјуардите одлучија да го прекинат одбројувањето, наведувајќи ја како причина виша сила, со што оставија можност да се одржи едночасовна трка.
Околу 18 часот, дождот почна да намалува, а специјални возила излегоа на патеката како побрзо би ги исчистиле поголемите вирчиња на вода од патеката. По следниот контролен круг на медицинскиот автомобил, директорот на трката објави дека таа ќе продолжи во 18:17 часот, и повторно зад безбедносниот автомобил.
Доволно беше да се комплетираат два круга за да се смета дека трката е одржана, а возачите да добијат половина поени. Дождот продолжи да паѓа. Возачите излегоа на патеката зад безбедносниот автомобил, известувајќи дека ситуацијата е уште полоша отколку пред три часа, кога беше првиот обид за старт на трката.
По два комплетирани круга, повторно беа покажани црвените знамиња, а возачите се упатија кон пит-линијата. Одбројувањето продолжи, но, по доплнителни дваесет минути беше потврдено дека трката нема да продолжи.
| 2021 БЕЛГИСКО ГРАН ПРИ 1 круг, 6.880км., Време: Силен дожд |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | РАЗЛИКА |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 3:27.071 |
| 2. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1.995 |
| 3. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 2.601 |
| 4. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 4.496 |
| 5. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
+ 7.479 |
| 6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 10.177 |
| 7. | Естебан Окон | Алпин |
+ 11.579 |
| 8. | Чарлс Леклер | Ферари | + 12.608 |
| 9. | Николас Латифи | Вилијамс | + 15.484 |
| 10. | Карлос Саинц ЈР. | Ферари | + 16.167 |
| 11. | Фернандо Алонсо |
Алпин | + 20.590 |
| 12. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 22.414 |
| 13. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 24.163 |
| 14. | Ландо Норис | Мекларен | + 27.109 |
| 15. | Јуки Цунода |
АлфаТаури | + 28.329 |
| 16. | Мик Шумахер |
Хас | + 29.507 |
| 17. | Никита Мазепин |
Хас | + 31.993 |
| 18. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 36.054 |
| 19. | Серџо Перез | Ред Бул | + 38.205 |
| 20. | Ленс Строл* | Астон Мартин | + 44.108 |
*10 секунди казна НАЈБРЗ КРУГ: НИКИТА МАЗЕПИН - 3:18.016(неофицијално) |
|||
| БЕЗ ПЛАСМАН: / |
|||
|
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА 2014 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1ч24:36.556 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч23:40.387 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч44:51.058 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч24:42.820 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч23:34.476 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1ч23:45.710 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч24:08.761 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 3:27.071(3 круга) @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 12/22 | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Луис Хамилтон | 202,5 | |
| 2. | Макс Ферстапен | 199.5 | |
| 3. | Ландо Норис | 113 | |
| 4. | Валтери Ботас | 108 |
|
| 5. | Серџо Перез | 104 | |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | 83.5 | |
| 7. | Чарлс Леклер | 82 | |
| 8. | Даниел Рикиардо | 56 | |
| 9. | Пјер Гасли | 54 | |
| 10. | Естебан Окон | 42 | |
| 11. | Фернандо Алонсо | 38 | |
| 12. | Себастијан Ветел | 35 | |
| 13. | Јуки Цунода | 18 | |
| 14. | Ленс Строл | 18 | |
| 15. | Џорџ Расел | 13 | |
| 16. | Николас Латифи | 7 | |
| 17. | Кими Раиконен | 2 | |
| 18. | Антонио Џовинаци |
1 | |
| 19. | Мик Шумахер | 0 | |
| 20. | Никита Мазепин | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 310.5 | |
| 2. | Ред Бул | 303.5 | |
| 3. | Мекларен | 169 | |
| 4. | Ферари | 165.5 | |
| 5. | Алпин | 80 | |
| 6. | АлфаТаури | 72 | |
| 7. | Астон Мартин | 53 | |
| 8. | Вилијамс | 20 | |
| 9. | Алфа Ромео | 3 | |
| 10. | Хас | 0 | |






