Според Францускиот Канал+ на Големата Награда на Италија, што ќе се одржи од 10-12 Септември во Монца, Кими Раиконен ќе објави дека ќе се пензионира по крајот на сезоната.
Според нив, по објавата на Кими, Алфа Ромео ќе го именува возачот што ќе го замени, а тоа ќе биде Валтери Ботас. Финецот во Мерцедес АМГ ќе биде заменет со Џорџ Расел од Вилијамс.
Тото Волф веќе потврди дека тие имаат донесено одлука, но таа ќе биде објавена кога за тоа ќе дојде време. Канал+ се повикува на сигурни извори, но треба да ја почекаме трката на Монца и официјални соопштенија, доколку ги има.
ФРАНЦУСКИОТ КАНАЛ+ ГО ПЕНЗИОНИРАШЕ КИМИ РАИКОНЕН
8/30/2021 12:04:00 PM
0
Share to other apps
