Макс Ферстапен објасни во какво расположение се подготвува за првата Голема Награда на Холандија во неговата кариера, и потврди дека ќе има потешкотии со претекнувањето во Зандворт, па затоа еден брз круг на квалификациите ќе биде од големо значење.
- Како се чувствувате по победата на најкратката трка во историјата на Формула 1?
"Не очекувате да победите на трка на таков начин, тоа не е начинот на кој што сакавме да помине викендот, но победата е победа и бодовите сe уште се важни за двата шампионати и мораме да ја максимизираме секоја можност."
"Се разбира, како возачи, сите сакавме да се тркаме и да им приредиме шоу на фановите, но очигледно тоа не беше лесна одлука и недостатокот на видливост значеше дека на крајот едноставно не е безбедно, па затоа мора да го почитуваме тоа."
- Холандскотo Гран При ќе биде ваша втора домашна трка по ред, какво е чувството да заминете во Холандија за да се тркате во Формула 1 за прв пат во вашата Ф1 кариера?
"Навистина се радувам на трката во Зандворт. Ќе биде посебно да се има трка во Холандија пред мојата публика, но и како возач, добар предизвик е да одам на нова патека и да го најдам лимитот на нашиот болид."
"Беше неверојатно да се видат толку многу фанови што не поддржуваат во Австрија и Белгија и се надевам дека ќе можеме да прикажеме добро шоу за сите на трибините овој викенд."
"Што се однесува до патеката, можеби е малку тешко да се престигне, но затоа еден брз круг ќе биде наградувачки. Квалификациските кругови ќе бидат многу брзи, така што сите грешки ќе бидат навистина скапоцени."
"Откако минатата година трката беше откажана, оваа година ќе биде уште поспецијална и, се разбира, би било неверојатно да се победи на друга домашна патека пред портокаловата армија.
- Победивте на Мастерс трката во Формула 3 во 2014 година, во Зандворт. Како се смени патеката оттогаш?
"Имав само една трка во Зандворт и тоа беше во болид на Формула 3. Во тоа време бев познат како "син на", но сега ќе биде обратно (се смее). Патеката се разбира се промени оттогаш, a неколку од свиоците се реновирани."
"Веќе во Ф3 болидот, свиоците беа навистина пријатни и беа прилично брзи, затоа сум возбуден што повторно ќе се тркам во Ф1 болидот со уште поголема грип."
"Исто така, бев таму неколку пати на демо возења со болидите на Ред Бул, па возев неколку круга на реновираната патека во Ф1 болид, што може да биде корисно во првите неколку кругови."
ПРЕТЕКНУВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ТЕШКО, ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЌЕ УЖИВАМ
8/31/2021 10:10:00 PM
0
Share to other apps



