Формула 1 Шампионот од 2007 година, Кими Раиконен се уште немаше договор со Алфа Ромео за следната сезона и повеќето новинари толкуваа дека тоа значи дека Финецот ќе го напушти тимот.
Деновиве шпекулациите беа екстремно зголемени, а денес и официјално потврдени од самиот ICEMAN на неговиот инстаграм профил, непосредно пред почетокот на тркачкиот викенд во Холандија на патеката Зандворт.
"Ова е тоа. Ова ќе биде мојата последна сезона во Формула 1. Ова е одлука што ја направив во текот на минатата зима. Тоа не беше лесна одлука, но по оваа сезона време е за нови работи."
"Иако сезоната се уште трае, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, на сите мои тимови, на сите вклучени во мојата тркачка кариера и особено на сите вас, одлични фанови кои навивавте за мене цело ова време."
"Формула 1 можеби заврши за мене, но има многу повеќе нешта во животот што сакам да ги доживеам и да уживам. Се гледаме после сето ова!"
Со почит Кими.
Алфа Ромео ја коментираше неговата изјава: "Во нашиот спорт, навистина завршува цела ера. Благодарам за се! Формула 1 нема да биде иста без тебе. Kiitos, Kimi!"
Последната фраза е напишана на фински и, се разбира, значи: "Благодарам, Кими!"
По дебитантската година во Заубер, Раиконен помина пет години со Мекларен, пред да се пресели во Ферари за три сезони. Тука ја освои својата единствена Шампионска титула, победувајќи ги Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо на последната трка во Бразил во 2007 година.
По двегодишна пауза од Ф1, кога се натпреаруваше во рели, се врати во тимот на Лотус, каде помина две сезони пред повторно да се пресели во тимот на Ферари каде што помина пет години. Потоа, тој се приклучи на Алфа Ромео за она што ќе биде три Ф1 сезони.
Финецот, но и болидот на Алфа Ромео, не се во најдобра форма оваа сезона, и моментално тој се наоѓа на 17-тото место кај поредокот на возачите, забележувајќи само два поени.
За време на досегашните 344 трки, Кими забележа 21 Победа, 18 Пол позиции, 103 Пласмани на подиумот и сега има уште 10 трки каде што потенцијално може да ги надополни овие резултати.
Останува нејасно кој ќе го замени на Алфа Ромео, при што се споменуваат неколку имиња, вклучувајќи го и возачот на Мерцедес АМГ, Валтери Ботас.
ОФИЦИЈАЛНО: КИМИ СЕ ЗБОГУВА ОД ФОРМУЛА 1
9/01/2021 07:26:00 PM
0
Share to other apps



