Како што Формула 1 на глобално ниво доживува пораст на гледачите и фановите, таквата ситуација е слична и во Македонија.
Според истражувањето кое ги направивме преку нашиот блог, за што е заслужен Јане В, еден од админите на VIBER групата на МкФормула1, во Македонија има околу 500 активни фанови на Формула 1 што ги следат инфомациите околу овој спорт на дневно ниво, додека пак неформалната бројката на гледачи кои што ги следат поактивно само трките изнесува над 20000 гледачи.
Поради оправдани причини, резултатите се со поголемо задоцнување, со оглед дека анкетата е правена изминатата 2020 сезона, а со појавата на Ковид-19 пандемијата и активниот маркетинг и пристап до Ф1 вестите, бројката на фанови и гледачи на Ф1 трките активно се зголемува.
За тоа секако допринесува и тековната 2021 сезона, па така блиската борба и "рчкање" помеѓу Макс и Луис привлекува огромен интерес и покрај фактот што повеќе од половина домаќинства во Македонија немаат можност да ги гледаат каналите на СпортКлуб кој ги откупи правата за територијата на нашата земја.
Оваа анкета ќе настојуваме да биде традиционална при крајот на секоја сезона, па ќе биде интересно да се споредуваат резултатите и интересот на Ф1 фановите на локално ниво.
Благодарение на одговорите на 463 Ф1 фанови, ова се карактеристиките на Ф1 фамилијата во Македонија:
ПОПУЛАРНОСТ НА ТИМОВИТЕ
53.2% ФЕРАРИ
17.9% МЕРЦЕДЕС АМГ
13.7% МЕКЛАРЕН
10.5% РЕД БУЛ
1.5% АЛФА РОМЕО
1.3% РЕНО(АЛПИН)
0.9% РЕЈСИНГ ПОИНТ/АСТОН МАРТИН
0.7% АЛФАТАУРИ
0.4% ВИЛИЈАМС
0.0% ХАС
ПОПУЛАРНОСТ НА ВОЗАЧИ
37.9% ЧАРЛС ЛЕКЛЕР
14.9% ЛУИС ХАМИЛТОН
11.8% МАКС ФЕРСТАПЕН
11.8% СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ
6.6% ЛАНДО НОРИС
6.3% КИМИ РАИКОНЕН
4.2% ДАНИЕЛ РИКИАРДО
1.8% ЏОРЏ РАСЕЛ
1.3% ВАЛТЕРИ БОТАС
1.3% КАРЛОС САИНЦ ЈР.
1.0% ПЈЕР ГАСЛИ
* Останите возачи со исклучителен слаб процент.
Напомена: Со трансферите на возачите во други тимови, голема е веројатноста да има промени и во овие проценти
Ф1 ФАНОВИ ПО ГРАДОВИ (ПРОЦЕНТИ)
34.8 СКОПЈЕ
8.2 БИТОЛА
6.9 ПРИЛЕП
6.0 СТРУМИЦА
4.1 ОХРИД
5.2 ВЕЛЕС
3.0 ШТИП
2.8 ГЕВГЕЛИЈА
2.4 КАВАДАРЦИ
2.2 КУМАНОВО
2.2 НЕГОТИНО
1.9 ТЕТОВО
1.7 СТРУГА
1.7 КИЧЕВО
1.7 КРУШЕВО
1.7 СВЕТИ НИКОЛЕ
1.5 РЕСЕН
1.1 ГОСТИВАР
1.1 ДЕЛЧЕВО
1.1 ВИНИЦА
1.1 РАДОВИШ
* Пријавени се фанови и од Богданци, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крива Паланка и Пробиштип.
** Останатите градови се застапени со помалку од 1%.
ВОЗРАСТ
27.9% се 25-30 години, од кои најголеми 8% се 26 години.
20.4% се 18-24 години, од кои најголеми 4.1% се 23 години.
17% се 31-35 години, од кои најголеми 4.3% се 33 години.
10.9% се 41-45 години, од кои најголеми 2.8% се 43 години.
10.2% се 36-40 години, од кои најголеми по 2.2% се 36,37 и 38 години.
7.1% се 11-17 години, од кои најголеми по 2.2% се 17 и 15 години.
6.2% се 46-70 години, најчести години 47,48,50,52,54, 66 години.
*Најмладиот фан е 11 години, највозрасниот еден фан 70+.
КОЛКУ СЕЗОНИ СЛЕДИТЕ ФОРМУЛА 1?
34.8% одговориле 20+ сезони
9.3% одговориле 10 сезони
7.6% одговориле 15 сезони
7.3% одговориле 20 сезони
5.2% одговориле 5 сезони
5% одговориле 4 сезони
3.9 одговориле 3 сезони
3.5% одговориле 14 сезони
3% одговориле 17 сезони
3% одговориле 18 сезони
2.8% одговориле 13 сезони
2.6% одговориле 8 сезони
*Прва сезона кај 0.6% од одговорите.
КОИ ПНЕВМАТИЦИ СЕ НАЈСООДВЕТНИ ЗА Ф1?
40.0% ПИРЕЛИ
21.8% НЕМАМ МИСЛЕЊЕ
18.4% МИШЕЛИН
16.0% БРИЏСТОУН
3.9% ДРУГ ИЗБОР
2020 АНКЕТА - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
9/19/2021 11:30:00 AM
0
Share to other apps


