Благодарение на долгиот прекин, крајот на сесијата беше хаотичен, во кој Норис имаше незгодно излетување и возење низ чакалот во еден од неговите брзи кругови. Плус, имавме голем број на незадоволни возачи, кои чувствуваа дека се блокирани.
Добра сесија за Ферари по маките на СПА-Франкоршамп. Трето и четврто најбрзо време, и со само 0.022 делови од секундата помеѓу нивните возачи.
Макс Ферстапен не беше далеку зад Британецот и со оглед на тоа што имаше густ сообраќај во последниот сектор, очекуваме уште поблиска борба за време на вториот тренинг.
Ниту Хамилтон нема да попушти, особено пред фановите на Макс, па затоа како ретко кога, за прв пат сезонава беше најбрз на Т1 сесија.
Патека во Зандворт е нова за секој од возачите, па сите активно работеа од првите минути на предпладневниот тренинг. Многумина од нив го следеа тренингот на Формула 3, каде имаше инциденти и црвени знамиња. Иако е скоро најкратката во календарот, патеката Зандворт е далеку од најлесна за возење.
Главните трибини веќе денес беа полни, па иако на организаторите официјално им беше дозволено да продадат 67% од билетите, речиси и да немаше празни места. Веќе во првиот круг, проблем за неискусните возачи. Јуки Цунода се изврте, извозе неколку инсталациски круга, но потоа се врати во својата гаража по што не се врати во акција.
Исто така, на почетокот на сесијата Себастијан Ветел се пожали на проблеми со ПЕ на Мерцедес и се врати во својата гаража. Неговиот Астон Мартин беше проверен и пуштен на патеката, но не издржа многу акција, па застана на излезот од првиот свиок.
Од болидот излегуваше бел чад, по што Германецот зеде противпожарен апарат од маршалите, а налутено потоа и друг. По се изгледа првиот ПП апарат не беше наполнет со вистинската смеша.
Сесијата беше прекината со црвени знамиња, но маршалите не беа во можност да го евакуираат болидот. Подоцна стана јасно дека проблемите биле во ЕРС-системот, па каросеријата беше под напон, опасен по живот. Потребно беше да се чекаат механичарите на Астон Мартин, кој го исклучија болидот од напојување.
Паузата се одолговлечи, а драгоцени 35 минути беа загубени. Сесијата беше рестартирана на 5 минути до крајот, кога сите возачи излегоа на црвените гуми, но, во густиот сообраќај, не беше лесно да се најде чиста патека и да се забележи што побрзо време.
| 2021 ХОЛАНДСКО ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:11.500 | 17 | |
| 2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:11.597 | + 0.097 | 17 |
| 3 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:11.601 | + 0.101 | 19 |
| 4 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:11.623 | + 0.123 | 18 |
| 5 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:11.738 | + 0.238 | 18 |
| 6 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:12.158 | + 0.658 | 18 |
| 7 | Естебан Окон | Алпин | 1:12.231 | + 0.731 | 17 |
| 8 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:12.359 | + 0.859 | 18 |
| 9 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:12.431 | + 0.931 | 18 |
| 10 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:12.515 | + 1.015 | 19 |
| 11 | Ландо Норис | Мекларен | 1:12.679 | + 1.179 | 18 |
| 12 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:12.907 | + 1.407 | 16 |
| 13 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:13.053 | + 1.553 | 20 |
| 14 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:13.081 | + 1.581 | 18 |
| 15 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:13.181 | + 1.681 | 15 |
| 16 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:13.328 | + 1.828 | 18 |
| 17 | Никита Мазепин | Хас | 1:13.516 | + 2.016 | 14 |
| 18 | Мик Шумахер | Хас | 1:13.847 | + 2.347 | 17 |
| 19 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:15.984 | + 4.484 | 6 |
| 20 | Јуки Цунода | АлфаТаури | / | / | 3 |
| ХИБРИДНА ЕРА - ЗАНДВОРТ 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:11.500 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||





