Брзиот круг на Ферстапен беше компромитиран со црвени знамиња, Валтери Ботас го забележа премногу рано во сесијата, додека Хамилтон комплетираше само два круга, а во третиот мораше да го паркира болидот покрај патеката.
И покра тоа Британецот финишираше на 11-тото место на табелата, а најновите информации од тимот на Мерцедес АМГ велат дека болидот бил запрен поради аномалии во податоците на систем со масло. Останува да видиме што ќе значи тоа за Луис Хамилтон.
Значи, иако поредокот не е целосно репрезентативен, одредени трендови може да се забележат. Ферари изгледаат силно во средниот ред, а Ред Бул и Мерцедес АМГ најверојатно ќе ги престигнат на табелата кога ќе успеат да добијат чисти брзи кругови.
Тимот на Алпин, исто така имаше добри петочни тренинг сесии, особено ако се земе предвид дека Естебан Окон го забележа својот круг многу порано од возачите на Ферари, т.е. пред асфалтот да биде премногу "гумиран". Победникот на трката од Унгарија има голема самодоверба по Хунгароринг, и тоа се покажува со импресивни настапи на оваа и минатата трка.
Почетокот на тренигот беше одложен за пет минути поради проблеми со телекомуникациите. Возачите го поминаа поголемиот дел од првиот тренинг во боксот, па на вториот иамше многу акција на патеката, прекината во два наврати.
Во шестата минута, на телеметријата кај болидот на Хамилтон беа забележани аномалии во притисокот на маслото, па како шо кажавме Луис го застана во 11-от свиок. Болидот беше веднаш евакуиран, а сесијата продолжи по седум минутен прекин.
При средината на сесијата, Никита Мазепин излета од патеката во истиот 11-ти свиок, а неговиот болид заглави во чакалот покрај патеката, па повторно беа развеани црвените знамиња.
| 2021 ХОЛАНДСКО ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:10.902 | 28 | |
| 2 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:11.056 | + 0.154 | 27 |
| 3 | Естебан Окон | Алпин | 1:11.074 | + 0.172 | 32 |
| 4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:11.132 | + 0.230 | 32 |
| 5 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:11.264 | + 0.362 | 27 |
| 6 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:11.280 | + 0.378 | 29 |
| 7 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:11.462 | + 0.560 | 28 |
| 8 | Ландо Норис | Мекларен | 1:11.488 | + 0.586 | 26 |
| 9 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:11.678 | + 0.776 | 29 |
| 10 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:11.715 | + 0.811 | 23 |
| 11 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:11.911 | + 1.009 | 3 |
| 12 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:11.946 | + 1.044 | 26 |
| 13 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:12.096 | + 1.194 | 30 |
| 14 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:12.136 | + 1.234 | 28 |
| 15 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:12.157 | + 1.255 | 24 |
| 16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:12.206 | + 1.304 | 30 |
| 17 | Мик Шумахер | Хас | 1:12.607 | + 1.705 | 30 |
| 18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:12.610 | + 1.708 | 26 |
| 19 | Никита Мазепин | Хас | 1:12.835 | + 1.933 | 12 |
| 20 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:12.855 | + 1.953 | 29 |
| ХИБРИДНА ЕРА - ЗАНДВОРТ 2021 Чарлс Леклер - Ферари - 1:10.902 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||



