На денешната тренинг сесија, возачите се фокусираа на проценка на ефективноста на гумите, претежно работејќи со веќе користени комплети. Би било логично кај викенд форматот со спринт квалификации, тие да следеа веднаш по квалификациите, но се одлучи да се задржи саботниот тренинг, па така тој беше закажан помеѓу спринтот и квалификациите.
Денес беше важно да не се оштети болидот пред клучните настани за време на викендот, но тоа не можеше да се избегне за Ферари. Во 28-та минута Карлос Саинц Јр. сериозно го оштети болидот во Аскари. Сесијата беше прекината со црвени знамиња.
Шпанецот изгуби контрола поминувајќи низ рабниците, се изврте и заврши во бариерите покрај патеката. Самостојно излезе од своето Ферари, но беше испратен во медицинскиот центар на преглед, бидејќи сензорот покажување големо оптоварување.
Механичарите на Ферари ќе треба да работат напорно за да го поправат неговиот болид пред спринт квалификациите. Втора недела по ред, Карлос го оштетува болидот за време на саботниот тренинг.
Лекарите брзо го ослободија и му дадоа дозвола за настап, но под услов по еден час да подлежи на уште еден задолжителен преглед. Болидот беше евакуиран и по 12 минути возачите повторно се вратија на патеката.
Проблеми и за Чарлс Леклер, но од подруга природа. Тој по тимското радио се пожали дека не се чувствува добро и ја заврши сесијата пред предвиденото. Луис Хамилтон го забележа најбрзото време, а Мерцедес АМГ нема конкуренција на оваа патека.
Во 16:30 часот ќе имаме спринт квалификации, кои што ќе го одредат стартниот редослед за Големата Награда на Италија.
Што се СПРИНТ Квалификации?A heavy crash ended Carlos Sainz's FP2 session#ItalianGP 🇮🇹 #F1 pic.twitter.com/AsGyYx95md
— Formula 1 (@F1) September 11, 2021
Форматот на тркачки викенд со Спринт Квалификаци ќе се примени на три трки од тековната 2021 сезона. Неговото деби го имавме на патеката Силверстоун за Големата Награда на Велика Британија.
Спринт квалификациите се трка чие растојание од СТАРТ до ФИНИШ мора да биде еднакво на најмалиот број на комплетни кругови што надминуваат 100 километри. За Монца тоа значи трка од 18 круга.
Трката се очекува да биде комплетирана за 25-30 минути и не може да трае повеќе од 1 час. Ако измине еден час пред да се комплетира планираното растојание, на лидерот ќе му се покаже знамето за финиш на крајот од следниот круг од оној за време на кој истекол периодот од 1 час, под услов ова да не биде повеќе од планираниот број на кругови.
Исклучок од овие правила може да се направи само под следниве околности:
- Ако Спринт Квалификациите се стопирани(црвено знаме). Во тој случај изминатото време под црвено знаме не влегува во периодот од 1 час, но под услов вкупното време на сесијата да не го надминува максималното дозволено време од еден и пол час.
- Ако формацискиот круг и стартот се зад безбедносниот автомобил, бројот на кругови во Спринт Квалификациите ќе се намали за бројот на кругови зад безбедносниот автомобил минус еден.
Според резултатите од спринт квалификациите, тројцата најдобри возачи добиваат поени:
- 3 поени за првото место,
- 2 поени за второто место,
- 1 поен за третото место.
Во случај ако сесијата е запрена и не може да се продолжи, се применуваат следниве правила:
- поени не се доделуваат ако лидерот возел два круга или помалку;
- половина од бодовите се доделуваат ако лидерот возел повеќе од два круга, но помалку од 75% од првичното растојание;
- поени се доделуваат во целост ако лидерот возел повеќе од 75% од оригинално предвиденото растојание.
| 2021 ГН ИТАЛИЈА - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:23.246 | 25 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:23.468 | + 0.222 | 24 |
| 3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:23.662 | + 0.416 | 23 |
| 4 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:23.917 | + 0.671 | 29 |
| 5 | Естебан Окон | Алпин | 1:24.263 | + 1.017 | 20 |
| 6 | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:24.280 | + 1.034 | 28 |
| 7 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:24.502 | + 1.256 | 26 |
| 8 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:24.539 | + 1.293 | 16 |
| 9 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:24.654 | + 1.408 | 24 |
| 10 | Ландо Норис | Мекларен | 1:24.665 | + 1.419 | 27 |
| 11 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:24.770 | + 1.524 | 21 |
| 12 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:24.774 | + 1.528 | 24 |
| 13 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:24.805 | + 1.559 | 23 |
| 14 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:25.083 | + 1.837 | 22 |
| 15 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:25.422 | + 2.176 | 32 |
| 16 | Никита Мазепин | Хас | 1:25.729 | + 2.483 | 23 |
| 17 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:25.763 | + 2.517 | 28 |
| 18 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:25.935 | + 2.689 | 28 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:26.012 | + 2.767 | 25 |
| 20 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:26.124 | + 2.878 | 14 |
| ХИБРИДНА ЕРА - МОНЦА 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 11:23.246 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||
A heavy crash ended Carlos Sainz's FP2 session#ItalianGP 🇮🇹 #F1 pic.twitter.com/AsGyYx95md
— Formula 1 (@F1) September 11, 2021
СТАРТЕН РЕДОСЛЕД НА СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ




