Идејата имаше доволно критичари, но од аспект на ТВ куќите дозволи три преноси во ударен термин за време на викендот, потенцијално зголемувајќи ја публиката.
Во Формула 1, традициите се силни, скептиците поставуваа прашања. За да се разбере како форматот би функционирал во пракса, спортските регулативи беа променети во текот на сезоната, а резултатот беше презентиран пред јавноста во Силверстоун.
Денес втората проба беше на легендарната патека Монца, храм на брзината. Поредокот на вчерашните квалификации го одреди стартниот редослед на спринт квалификациите, каде што пак беше добиен стартниот поредок за неделната трка за Големата Награда на Италија.
Ботас и Хамилтон стартуваа од првиот ред, Ферстапен и Норис од вториот, Рикардо и Гасли од третиот. Финецот, кој го забележа најбрзото време на квалификациите, знаеше дека без оглед на резултатите од денешните сприн квалификации, утре на трката ќе стартува од последните редови поради казната за замена на погонската единица.
Во спринтот нема задолжителен пит стоп, возачите слободно ги избираа гумите. Норис, Рикиардо, Ветел, Строл, Алонсо, Окон и Цунода започнаа на црвените, останатите ги избраа жолтите. Беше потребно да се вози 18 круга или 30 минути.
На стартот Валтери Ботас го задржа водството, Ферстапен се најде на второто место, додека Луис Хамилтон имаше екстремно лош старт и падна на шестото место. Пјер Гасли при претекнувањето на Луис Хамилтон, влета во curva grande со премногу брзина, Даниел Рикиардо пред него нагло намали и контактот беше неизбежен.
Предното крило на болидот на АлфаТаури беше оштетено, Французинот се обиде да стигне до боксот, но неуспешно. Тоа заврши под предните тркала и Гасли заврши во бариерите покрај патеката.
Роберт Кубица имаше обид да го престигне Јуки Цунода, од надворешната страна, следиваше контакт и Полјакот заврши во чакалот покрај патеката. Јапонецот продолжи да се движи.
Следуваше период на безбедносниот автомобил за евакуација на болидот на Пјер Гасли. Цунода беше повикан во бокс, каде ги смени гумите и превентивно предното крило. Поредокот беше Ботас, Ферстапен, Рикиардо, Норис, Хамилтон, Леклер, Саинц Јр., Џовинаци - Строл - Перез.
Трката беше рестартирана со 4-от круг. Ботас го задржа водството, а немаше никаква промена во Топ 10 поредокот. Следуваше престигнување на Фернандо Алонсо над Себастјан Ветел во борбата за 11-тото место, а во 7-от круг, Расел го престигна Мазепин за 16-то место.
Во 10-от круг, Серџо Перез го престигна Строл, напуштајќи ја патеката, и, по барање на тимот, ја врати позицијата, и во следниот круг следуваше чисто престигнување. Напред, Хамилтон вршеше притисок врз Норис, но разликата во брзината, дури и со ДРС-системот на помош, не беше доволна за напад.
Макс Ферстапен не можеше да го стигне Мерцедесот на Валтери Ботас, нити во ДРС-опсегот, но, можеби знаејќи дека Финецот има казни, не се ни обиде да форсира премногу.
Стартувајќи од првата позиција, Валтери Ботас победи на денешните спринт квалификации во Монца, но утре, поради казна, стартува последен. Макс Ферстапен беше вториот што ја мина целта, зголемувајќи го водството пред Хамилтон на пет поени. Даниел Рикиардо забележа еден поен за третото место.
Главните губитници на спринтот беа Луис Хамилтон, кој од второто место во квалификациите утре ќе стартува од П4, и Пјер Гасли, кој по инцидентот, ќе го дели последниот стартен ред со Ботас.
| 2021 ГН ИТАЛИЈА - СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИ 18 круга,; 100км., Време: Сончево |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Валтери Ботас* | Мерцедес АМГ | 27:54.078 |
| 2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 2.325 |
| 3. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 14.534 |
| 4. | Ландо Норис | Мекларен | + 18.835 |
| 5. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 20.011 |
| 6. | Чарлс Леклер | Ферари | + 23.442 |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 27.952 |
| 8. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 31.089 |
| 9. | Серџо Перез |
Ред Бул | + 31.680 |
| 10. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 38.671 |
| 11. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 39.795 |
| 12. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | + 41.177 |
| 13. | Естебан Окон | Алпин | + 43.373 |
| 14. | Николас Латифи | Вилијамс | + 45.977 |
| 15. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 46.821 |
| 16. | Јуки Цунода | АлфаТаури | + 49.977 |
| 17. | Никита Мазепин | Хас | + 1:02.599 |
| 18. | Роберт Кубица | Алфа Ромео | + 1:05.096 |
| 19. | Мик Шумахер | Хас | + 1:06.154 |
| 20. | Пјер Гасли | АлфаТаури | НЕ ЗАВРШИ |
| ОСВОЕНИ ПОЕНИ 3 - Валтери Ботас 2 - Макс Ферстапен 1 - Даниел Рикиардо @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||






