Изјави од победниците и губитниците на квалификациите на патеката Зандворт, домаќин на Големата Награда на Холандија.
ПОБЕДНИЦИ
Макс Ферстапен, П1: "Одлично е да се биде на Пол позицијата и, се разбира, уште поодобро е кога тоа се случува на некоја од вашите домашни трки. Фановите полудуваа секој пат кога ќе ја преминев целната линија и неверојатно е да се видат луѓе кои си поминуваат одлично на трибините."
"Веќе од првиот тренинг уживав во возењето на оваа патека, а на квалификациите кога сте со малку гориво, едноставно е неверојатно. Вториот сектор и овалните свиоци, плус последниот свиок кој се поминува со педалата за гас до земја, е убава сензација и едноставно е пријатно да се вози."
"Тоа е патека од т.н. "старта школа" што се поминува брзо како Сузука, каде што навистина го чувствувате грипот на Ф1 болидите. Предизвикувачки е и уживам во вакви патеки."
"Денес работевме навистина добро како Тим и направивме уште еден добар чекор напред со болидот во споредба со вчерашниот ден. Квалификациите беа доста незгодни со црвените знамиња, можеше да се види дека нема простор за грешки, што го прави возењето повозбудливо."
"Во два наврати изгубив одредено време, прво со двојното менување брзини на излез од третиот свиок, а потоа мојот ДРС не се отвори излегувајќи од последниот свиок, но за среќа кругот беше доволно брз за Пол."
"Се разбира, на оваа патека е важно да се стартува од првиот ред, бидејќи е многу тешко да се престигнува, па стартот ќе биде клучен, а потоа треба да се грижиме за гумите и да бидеме во состојба на готовност, бидејќи новите патеки честопати можат да донесат хаос."
"Очекувам Мерцедес АМГ да биде силен на утрешната трка, што може да се види о од малата разлика, така што утрешниот ден не е толку едноставен како што изгледа."
Пјер Гасли, П4: "Исклучително сум среќен со четвртата стартна позиција на денешните квалификации, бидејќи не беше толку лесно до овој момент, малку се мачевме и ни недостасуваше темпо на тренинг сесиите."
"Успеавме да најдеме дополнително време и да составиме навистина моќен круг кога беше потребно и одлично е што можеме да кажеме дека утрешната трка ќе ја започнеме од вториот ред."
"Знаевме колку се важни квалификациите на оваа патека, бидејќи ќе биде доста незгодно да се престигнува за време на трката, и ние можевме да направиме многу добра работа денес."
"Тимот ми даде одличен болид, па со утрешниот старт од толку висока позиција, ќе дадам се за да забележам добар резултат."
Антонио Џовинаци, П7: "По денешниот резултат се чувствувам навистина добро и треба да му се заблагодарам на тимот. Имавме технички проблем со штрафот на тркалото помеѓу Q2 и Q3, но механичарите се што можеа и успеаа да ме вратат на патеката."
"Потоа морав навистина да притискам, бидејќи сакав да им се оддолжам за нивната работа. Q3 кругот беше мега."
"Ќе стартуваме од добра позиција на утрешната трка, треба да продолжиме да притискаме, да се држиме надвор од проблеми и да ја искористиме оваа можност да забележиме добар резултат."
ГУБИТНИЦИ
Серџо Перез, П16: "Навистина сум разочаран, денес имавме толку фантастичен болид за квалификации. Имавме голем напредок и можевме да имаме два болиди при врвот, потенцијален прв стартен ред и затоа навистина не очекував дека ќе бидам на оваа позиција."
"Едноставно среќата не беше на моја страна, луѓето возеа толку бавно во боксот и јас не успеав да стигнам навреме за вториот брз круг, го пропуштив за само 1.5 секунда."
"Знаеме дека на утрешната трка ќе биде тешко да се претекне, но ова е непредвидлива патека, никој не знае што да очекува и затоа, секако, ќе се обидам да ја минимизирам штетата и да забележам одредени поени за тимот."
Себастијан Ветел, П17: "Ова е разочарувачки резултат и има лекции што треба да се научат од денешниот настап. Мислам дека место во Q2 беше остварливо со чиста патека, се чувствував добро во болидот, но имаше многу сообраќај што ме спречи да добијам шанса да комплетирам еден добар круг и да ја максимизирам еволуцијата на патеката."
"Не бевме во можност да направиме доволно голем чекор напред од нашето темпо на тренинг сесиите, па затоа треба да разбереме зошто тоа беше така. Тешко е да се престигнува на оваа патека, но утре се може да се случи, особено на вака предизвикувачка патека. Ќе се обидеме да напредуваме во трката и да ги искористиме сите можности."
Ландо Норис, П13: "Денот не помина како што сакав или како што очекувавме, едноставно не бев на висина на предизвикот. Не се чувствував премногу сигурен во квалификациите за да составам добар круг."
"Ова се веројатно најблиските квалификации што ги имавме цела година. Штета, бидејќи ова е викенд кога навистина ни беше потребно да бидеме сигурни и брзи, но едноставно не успеавме."
"Исто така, не ја добивме последната можност за да се обидеме повторно, поради црвеното знаме. Тоа ни го направи утрешниот ден многу незгоден, но мислам дека ние сме дефинитивно побрзи од неколку болиди пред нас, па се надеваме дека ќе освоиме бодови."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО ЗАНДВОРТ
9/04/2021 09:22:00 PM
0
Share to other apps








