Сепак утешна награда е старт од првата позиција на утрешните спринт квалификации, т.е. трка од 100км. На Луис Хамилтон му фалеше една десетинка, забележувајќи го второто најбрзо време.
Макс Ферстапен и Ред Бул не можеа да парираат на Мерцедес АМГ, а третата позиција е џек-пот, пред налетот на возачите на Мекларен, кои до максимум не ја искористија моќта на Мерцедес погонските единици.
По втор пат во историјата на Формула 1, квалификациите не го одредуваат стартниот редослед за неделната трка, овој викенд таа за Големата Награда на Италија. Одговорните луѓе на Формула 1 се одлучија да испробаат нов формат на тркачкиот викенд со додавање на дополнителни спринт квалификации.
Затоа квалификациите се презакажани за вечерните часови во петок за Ф1 фановите да можат да се вратат од работа, а рејтингот на емитувањето биде максимален.
Денешните квалификации го формираа стартниот редослед на саботните Спринт Квалификации, трка од 100км., закажани за 16:30 часот по македонско време и се очекува да траат 25-30 минути.
Во Q1, Луис Хамилтон го имаше најбрзото време уште по првиот негов брз круг. Зад него, многу резултати се покажаа како неочекувани, ако некој од возачите успееше да ја искористи заветрината зад друг болид, тогаш тој добиваше многу, според инженерите на Мерцедес АМГ и до 7 десетинки. Но, тоа беше меч со две острици, затоа што тоа можеше за последица да има заглавување во сообраќајот, па да загуби многу повеќе.
На седум возачи им беше избришан најбрзиот круг, бидејќи излегоа надвор од границите на патеката во свиоците 5 и 11, што влијаеше на резултатите. Времето на Хамилтон, остана најдобро, а од понатамошната борба отпаднаа Латифи, Цунода, Шумахер, Кубица, Мазепин.
Во Q2, Хамилтон продолжи таму каде што застана, па со првото излегување на патеката го имаше најбрзото време. Алонсо, поради сообраќајот, не можеше да го заврши својот брз круг, враќајќи се во боксот по нови гуми. Имаше и мало излетување надвор од асфалтот, зафаќајќи го чакалот покрај патеката.
За вториот обид сите возачи го чекаа последниот момент, па се направи опасна ситуација при изчегувањето од нивните гаражи. Во конфузијата, механичар на Астон Мартин за малку ќе ги удреше болидите на Хамилтон и Ветел, а неколку секунди подоцна истото си го дозволи и еден од механичарите на Алпин. По квалификациите, стјуардите истражуваат тројца возачи, Себастијан Ветел, Естебен Окон и Никита Мазепин.
Во финалниот Q3 сегмент од квалификациите, тимските колеги се подредија во парови, а првиот возач требаше да обезбеди заветрина. Џовинаци беше сам, па го пропушти првиот брз круг. Луис Хамилтон го забележа најбрзото време, со минимална предност пред Ботас и Ферстапен, од околу 0.065 делови од секундата.
Сите возачи излаегоа на патеката за вториот обид, секако користејќи ги црвените гуми на Пирели. Валтери Ботас, иако обезбедуваше заветрина за Луис, успеа да биде најбрз со време од 1:19.555, потврдувајќи ја моќта на новата ПЕ на Мерцедес во својот болид.
Па така, на саботните спринт квалификации, Ботас и Хамилтон ќе стартуваат од првиот ред, Ферстапен и Норис од вториот, Рикиардо и Гасли од третиот.
| 2021 ГН ИТАЛИЈА - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:19.555 | |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:19.651 | + 0.096 |
| 3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:19.967 | + 0.411 |
| 4. | Ландо Норис | Мекларен | 1:19.989 | + 0.434 |
| 5. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:19.995 | + 0.440 |
| 6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:20.260 | + 0.705 |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:20.462 | + 0.907 |
| 8. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:20.510 | + 0.955 |
| 9. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:20.611 | + 1.056 |
| 10. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео |
1:20.808 | + 1.253 |
| Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:19.936 | ||||
| 11. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:20.915 | + 0.977 |
| 12. | Ленс Строл |
Астон Мартин | 1:21.020 | + 1.084 |
| 13. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:21.069 | + 1.133 |
| 14. | Естебан Окон | Алпин |
1:21.103 | + 1.167 |
| 15. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:21.392 | + 1.456 |
| Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:20.543 | ||||
| 16. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:21.043 | + 1.382 |
| 17. | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:21.062 | + 1.430 |
| 18. | Мик Шумахер | Хас | 1:22.254 | + 1.705 |
| 19. | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:22.738 | + 1.987 |
| 20. | Никита Мазепин | Хас | 1:22.051 | + 2.173 |
| 107% време: 1:26.181 | ||||
|
ХИБРИДНА ЕРА - МОНЦА 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.109 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:23.397 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:21.135 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:35.554 2018 Кими Раиконен - Ферари - 1:19.119 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:19.307 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:18.887 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:19.555 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||||



