Луис Хамилтон го забележа најбрзото време на првиот тренинг за Големата Награда на Италија, кое беше скоро половина секунда подобро од неговиот единствен ривал за Титулата, Макс Ферстапен со болидот на Ред Бул, но и од Валтери Ботас, неговиот тимскиот колега од Мерцедес АМГ.
Добра брзина покажаа и возачите на Астон Мартин, како и Пјер Гасли со болидот на АлфаТаути. Разликите во останатиот дел од табелата се блиски, па неколку десетинки од секундата ќе значат многу позиции.
Ландо Норис имаше време за П2, но тоа беше избришано за минимално излегување од границите на патеката низ параболика свиокот, кој од утре се преименува во Алборето Свиок. Повеќе времиња му беа избришани и на Чарлс Леклер.
Интересен е фактот што многу возачи одлучија воопшто да не ги користат црвените гуми, особено тие на Мерцедес АМГ, Мекларен, Алпин. Секако во Монца заветрината е корисна работа, па затоа може да се очекува гужва на правецот пред последниот свиок.
Во новиот формат на тркачки викенд нема време за втор петочен тренинг, туку следуваат квалификациите кои се закажани за 18:00 часот по македонско време.

| 2021 ГН ИТАЛИЈА - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:20.926 | 28 | |
| 2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:21.378 | + 0.452 | 22 |
| 3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:21.451 | + 0.525 | 29 |
| 4 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:21.676 | + 0.750 | 22 |
| 5 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:21.719 | + 0.793 | 28 |
| 6 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:21.824 | + 0.898 | 26 |
| 7 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:21.914 | + 0.988 | 26 |
| 8 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:21.926 | + 1.000 | 24 |
| 9 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:22.003 | + 1.077 | 27 |
| 10 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:22.039 | + 1.115 | 23 |
| 11 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:22.102 | + 1.176 | 25 |
| 12 | Ландо Норис | Мекларен | 1:22.103 | + 1.177 | 27 |
| 13 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:22.270 | + 1.344 | 26 |
| 14 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:22.530 | + 1.604 | 31 |
| 15 | Естебан Окон | Алпин | 1:22.534 | + 1.735 | 27 |
| 16 | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:23.009 | + 2.083 | 28 |
| 17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:23.092 | + 2.167 | 31 |
| 18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:23.442 | + 2.516 | 30 |
| 19 | Никита Мазепин | Хас | 1:23.445 | + 2.519 | 23 |
| 20 | Мик Шумахер | Хас | 1:23.551 | + 2.625 | 23 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - МОНЦА 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:26.187 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.670 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:22.959 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:21.537 2018 Серџо Перез - Форс Индија - 1:34.000 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:27.905 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:20.703 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:20.926 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||