Расел потврди дека веќе знае каде ќе вози во 2022 година, и вели дека тоа му било кажано непосредно пред викендот во Белгија. Сите знаат, но молчат... ЗОШТО?!? Валтери Ботас се уште нема обезбедено возачко место?!?
"Можеби знам, можеби не, не би сакал да навлегувам во оваа тема. Процесот се движи во вистинска насока, среќен сум како се се одвива, и гледам кон иднината со ентузијазам. Кога да очекувате вести? Дефинитивно не викендов."
"Би сакал да добијам повеќегодишен договор, што никогаш го немав во Формула 1. Секогаш е подобро да знаете дека сте поврзани со тимот повеќе од една сезона, дека работата ќе продолжи. Исто така, мора да биде предизвик, и мора да биде забавно. Имам уште што да кажам во Формула 1, сакам да останам."
"Заинтересиран сум за возење велосипед, и би сакал да се развивам во таа насока, но сега сум целосно фокусиран на Формула 1. Најверојатно ќе ме видите на стартот на одредени трки кои не се совпаѓаат со календарот на Формула 1. Кога ќе имам повеќе време за возење велосипед, ќе си поставам одредени цели за себе, но сега не сакам да нагаѓам."
"Што се однесува до спортскиот мерцедес, го нарачав уште минатата зима, бидејќи беше ограничено издание, па дури и во специјална боја. Ја платив целата цена без никакви попусти, така што автомобилот не е подарок."
БОТАС САКА ДА ОСТАНЕ ВО ФОРМУЛА 1
9/02/2021 06:45:00 PM
0
Share to other apps


