Британецот беше за четири десетинки побрз од Макс Ферстапен со Ред Бул на второто место и Чарлс Леклер со Ферари со трето најбрзо време. Немаше инциденти, но имавме многу избришани времиња за излегување надвор од патеката.
Од Мерцедес АМГ потврдија дека во болидот на Луис Хамилтон е монтиран нов мотор, кој е четврт оваа сезона. Тоа ќе значи пад на гридот од 10 места, бидејќи е променет само еден елемент на погонската единица.
Ако поради некоја причина Хамилтон не се претстави на најдобар начин во квалификациите, тогаш можно e да бидат променети и останатите делови на погонската единица, но веројатноста за тоа е многу мала.
Кога сме кај казните, Карлос Сајнц Јр. доби целосно нова Ферари ПЕ, па шпанецот ќе ја стартува трката од последниот ред на гридот.
Во 2020 година, пред почетокот на викендот, беше поставен нов асфалт на патеката, кој испушташе масла и беше многу лизгав. Во текот на изминатата година, асфалтот созреа, плус организаторите донесоа специјална компанија што дополнително го обработи, па веќе во првите минути од утринскиот тренинг, возачите имаа осум секунди побрзо време отколку пред една година.
Турското Гран При во Ф1 календарот влета како замена за трката во Јапонија, која требаше да биде последна домашна трка за Хонда, за која Јапонците подготвија неколку изненадувања.
Јапонското Гран При беше откажано, па новото обојување за болидите на Ред Бул во боите на Хонда, подготвено за истата, беше искористено во Истанбул.
Хамилтон, Ветел, Саинц Јр., Рикиардо и Расел тестираа прототипови на нови ракавици со подобрена топлинска изолација, развиени според новите регулативи на ФИА за да спречат слични повреди кои ги имаше Роман Грожан во инцидентот од минатата година.
Вториот тренинг за ГН на Турција започнува во 14:00 часот, кога ќе видиме порелевантен поредок на силите на Истанбул парк.
На прв поглед, Луис Хамилтон изгледа добро во неговиот болид, кој се однесуваше како што посакува од првиот круг на асфалтот.
За разлика од него, неговиот главен ривал за титулата, врз основа на радио комуникацијата со своите инженери, има потреба од многу работа на неговиот болид за попладневниот тренинг.
Холанѓанецот се жалеше на слаб грип на предните тркала, проследено со грејнинг на гумите. Во Ред Бул треба внимателно да ги прегледаат собраните податоците за да видат дали има можности за подобрување на балансот на болидот.
Како што споменавме, сите погледи се насочени кон вториот тренинг, кој вообичаено ни носи стинтови за симулација на трка, кои би ни дале првичен поглед за тоа кој изгледа добро за недела.
| 2021 ГН ТУРЦИЈА - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:24.178 | 25 | |
| 2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:24.603 | + 0.425 | 23 |
| 3 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:24.654 | + 0.476 | 26 |
| 4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:24.842 | + 0.664 | 27 |
| 5 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:24.860 | + 0.682 | 24 |
| 6 | Естебан Окон | Алпин | 1:24.909 | + 0.731 | 29 |
| 7 | Ландо Норис | Мекларен | 1:25.347 | + 1.169 | 25 |
| 8 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:25.382 | + 1.204 | 29 |
| 9 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:25.383 | + 1.205 | 25 |
| 10 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:25.459 | + 1.281 | 23 |
| 11 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:25.685 | + 1.507 | 24 |
| 12 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:25.750 | + 1.572 | 25 |
| 13 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:25.810 | + 1.632 | 25 |
| 14 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:25.815 | + 1.635 | 23 |
| 15 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:25.863 | + 1.685 | 27 |
| 16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:25.933 | + 1.755 | 23 |
| 17 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:26.361 | + 2.183 | 28 |
| 18 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:26.424 | + 2.246 | 27 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:26.636 | + 2.458 | 24 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:27.019 | + 2.841 | 27 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - ИСТАНБУЛ ПАРК 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:35.077 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.178 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||
