Изненадувачки времиња за Чарлс Леклер кој имаше само 0.167 делови од секундата заостанување на второто место, додека Макс Ферстапен не успеа да го победи ни својот тимски колега, забележувајќи време само за 5-тата позиција на табелата.
Холанѓанецот по тимското радио продолжи да се жали за чудното однесување на болидот во средината на свиоците, каде што, наидуваше на случајни удари на преуправливост и подуправливост на црвените пневматици.
Очигледно денес РБ16Б беше далеку од поскуваните поставки на балансираност, па затоа заостанувањето од огромни 0.635 делови од секундата зад Мерцедесот на Луис Хамилтон.
На денешните тренинг сесии грипот на новиот асфалт беше многу подобар од минатата година, па рекордот на патеката, кој го држеше Хуан-Пабло Монтоја, падна веќе на првата тренинг сесија, а попладнево само беше подобрен. Хибридните болиди се побрзи, но во 2020 година, поради лизгавиот асфалт и дождот, тоа не можеше да се демонстрира.
Возачите работеа на традиционалните програми, оценувајќи ја ефикасноста и абењето на гумите, но сесиите покажаа дека не е лесно да се најдат оптимални поставки на болидите. Минатогодишната трка не донесе релевантни информации, така што се требаше да се започне одново. Важно беше предните гуми да работат ефикасно.
Немаше поголеми инциденти, но имавме повеќе извртувања, од кои две на Николас Латифи со болидот на Вилијамс и Никита Мазепин со Хас во 9-от свиок, Валтери Ботас во првиот, Пјер Гасли на излез од шестиот, Ферстапен во седмиот, но без последици за болидите. Кими Раиконен не беше задоволен што водата за пиење се истураше врз неговите нозе, а поправката на овој едноставен систем траеше долго.
За време на вежбите за стартната процедура, по завршувањето на тренингот, болидот на Естебан Окон не можеше да влезе во брзина, остана заглавен на првиот стартен ред, уништувајќи им ја вежбата на повеќе возачи. Болидот на Алпин мораше да биде вратен во својата гаража со помош на тимските механичари.
| 2021 ГН ТУРЦИЈА - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:23.804 | 29 | |
| 2 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:23.970 | + 0.167 | 28 |
| 3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:24.214 | + 0.410 | 30 |
| 4 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:24.373 | + 0.569 | 27 |
| 5 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:24.439 | + 0.635 | 26 |
| 6 | Ландо Норис | Мекларен | 1:24.525 | + 0.721 | 23 |
| 7 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:24.660 | + 0.856 | 20 |
| 8 | Естебан Окон | Алпин | 1:24.672 | + 0.868 | 25 |
| 9 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:24.756 | + 0.952 | 31 |
| 10 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:24.796 | + 0.992 | 28 |
| 11 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:24.882 | + 1.078 | 29 |
| 12 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:24.903 | + 1.099 | 33 |
| 13 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:25.020 | + 1.216 | 30 |
| 14 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:25.060 | + 1.256 | 22 |
| 15 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:25.143 | + 1.339 | 26 |
| 16 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:25.229 | + 1.425 | 29 |
| 17 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:25.307 | + 1.503 | 29 |
| 18 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:25.358 | + 1.554 | 28 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:25.480 | + 1.676 | 25 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:25.698 | + 1.894 | 25 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - ИСТАНБУЛ ПАРК 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:28.330 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:23.804 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||
