Фернандо Алонсо вели дека пишувањата на британските новинари за неговиот маневар на стартот од Руското Гран При покажува дека слични инциденти различно се третирани во медиумскиот простор.
Двократниот шампион сугерираше дека се зависи од тоа кој возач е вклучен, па дури и неговата националност влијае на тоа како се сака да се перцепираат инцидентите.
Шпанецот се здоби со неколку позиции со пресекување на вториот свиок при стартот на трката. Овој маневар не беше испитуван од стјуардите. Запрашан за време на денешната прес-конференција од модераторот зошто го сторил тоа, Алонсо одговори: "Само да ги видам прашањата овде во Истанбул."
"Само за да потврдам дека кога правам одредени работи, тие имаат различен третман и различна последица на следниот настан. Така да, сега можеби ќе го сменат просторот за излетување во првиот круг, во првите неколку свиоци."
Тој и претходните трки се пожали дека одредени возачи не биле казнети за стекнување предност со излегување надвор од патеката за време на првиот круг од трките, дури и откако го привлече вниманието кон таквите инциденти.
"Јас бев идиот на патеката во поголемиот дел од шампионатот, додека бев престигнуван надвор од патеката во првите неколку трки. Ги памтите, Австрија 1, Австрија 2 и ништо не се случи и немаше прашања на следната трка. И сега, по Сочи, се поставува прашање. Значи, моите сомнежи се потврдија."
На прашањето дали чувствува дека е под поголем надзор од другите возачи, Алонсо рече дека реакцијата на неговата тактика во Сочи е потврда за многу работи.
"Прво, дека постојат различни правила за различни возачи или различни, да речеме,прашања за следната недела за различни возачи. Да видиме кој ќе биде следниот возач што ќе ја премине белата линија на влезот во боксевите. Ајде да видиме која националност ќе биде и каква казна ќе добие."
ФЕРНАНДО АЛОНСО ОБВИНИ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ПОМЕЃУ Ф1 ВОЗАЧИТЕ
10/07/2021 08:14:00 PM
0
Share to other apps
