Временска прогноза за Големата Награда на Турција, која се вози овој викенд, најавува релативно мала шанса за дожд во сите три дена на Истанбул Парк, околу 40%, и во оваа рана фаза не е јасно дали ќе бидат засегнати некои од сесиите.
ПЕТОК, 08 ОКТОМВРИ - Т1 и Т2
Најпрво сончево со висока облачност, а потоа делумно облачно. Тренинг сесиите се очекува да бидат суви. Температурата ќе достигне до 22 степени. Ќе имаме ветер од северо-источен правец со налети до 45км/ч за време на попладневниот тренинг. Во вечерните часови се очекува пристигнување на нова воздушна маса, која ќе донесе 40% можност за дожд.
САБОТА, 09 ОКТОМВРИ - Т3 И КВАЛИФИКАЦИИ
Продор на воздушна маса од југо-запад, која наутро ќе донесе 40% шанси за дожд за саботниот тренин, процент кој се намалува за квалификациите. Максимална температура се очекува да достигне 21 Целзиусови степени.
НЕДЕЛА, 10 ОКТОМВРИ - ТРКА
Променливо облачно со мали сончеви периоди и 40% можност за врнежи од дожд. Во овој момент симулациите за временската прогноза не се стабилни, па ќе бидат дополнително корегирани. Повторно се најавува северо-источен ветер со налети од околу 40 км/ч. Максимална температура се очекува да достигне со 21 Целзиусови степени.
ЛИНК - КОМПЛЕТЕН ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД И ИНФО ЗА ПАТЕКАТА - ЛИНК
ФОРМУЛА 1 ЈА ОБЈАВИ НАЈНОВАТА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
10/07/2021 12:38:00 PM
0
Share to other apps
