ФИА и Формула 1 потврдија дека годинава ќе имаме инаугурална трка за Големата Награда на Катар, која ќе се одржи 21 Ноември на меѓународната патека Лосаил, каде што се одржуваат Мото ГП трки од 2004 година.
Тоа би требало да биде ноќна трка под светло на рефлекторите. Викендов е актуелно што МотоГП возачите имаат големи забелешки на патеката во Остин, Тексас, која пред се беше изградена за Ф1 трки.
Во Катар ја имаме спротивната ситуација, патеката е изградена пред за МотоГП трки, па се поставува прашањето што да очекуваме кога болидите ќе стигнат на Лоасил.
Локалното време е променливо, ова се должи на специфичната локација на патеката, која се наоѓа помеѓу морето и пустината. Со текот на годините, трките на Мото ГП беа придружени со песочни бури, но и поројни дождови, поради што некои мораа да бидат одложени.
Сепак, веројатноста за вакви екстремни услови не е толку голема, но едно е сигурно силните ветрови и високата влажност во вечерните часови се вообичаена појава.
Друга локална карактеристика е слабиот интерес за трки. Обично трибините остануваат полупразни. Трибините можеби е погрешно изразување, бидејќи има само една трибина која се протега низ стартно-целниот правец, па така, дури и ако продажбата на билетите е успешна, сепак нема да има многу гледачи.
Ако зборуваме за карактеристиките на патеката, тогаш е малку веројатно дека ќе биде лесно да се престигнува со тековните Формула 1 болиди. Единствено место каде што е можно претекнување ќе биде на влез во првиот свиок.
Според Мото ГП конфигурацијата на патеката, може да се претпостави дека предните гуми многу брзо ќе се истрошат, а тоа може да донесе повеќе стратегиски варијанти, а секој возач кој сака да вози долга серија на кругови неизбежно ќе се соочи со тешкотии. Предвидувајќи го ова, од Пирели се решија да ги номинираат најтврдите смеши во нивната понуда.
На оваа патека, прва трка со болиди, беше од Мастерс Шампионатот, која се одржа во 2006 година. Победи Најџел Менсел, стартувајќи од Пол позицијата. Ф1 шампионот од 1992 година веќе имаше 52 години, и тој умно ги искористи конфигурациските карактеристики на катарската патека за да ги задржи зад себе Кристијан Данер и Еди Чевер.
Имаше малку претекнување, а истата слика се повтори и на трката во Азискиот ГП2 шампионат, која се одржа три години подоцна. Победата тогаш ја однесе Нико Хулкенберг, пред Серџо Перез, неговиот иден тимски колега во Форс Индија.
Доколку навистина дојде до престигнување, тоа главно ќе се должи на разликата во абењето на гумите на различни болиди. Дали нешто од ова ќе се оствари ќе дознаеме за седум недели.
КАТАР ГП - МАЛКУ ПРЕТЕКНУВАЊА, ГОЛЕМО АБЕЊЕ НА ПНЕВМАТИЦИТЕ
10/02/2021 09:07:00 PM
0
Share to other apps
