Според истражувањето кое го направивме преку нашиот блог и VIBER групата на МкФормула1, во Македонија има околу 500 активни фанови на Формула 1 што ги следат инфомациите околу овој спорт на дневно ниво, додека пак неформалната бројката на гледачи кои што ги следат поактивно само трките изнесува над 20000 гледачи.
Тековната 2021 сезона и блиската борба и "рчкање" помеѓу Макс и Луис привлекува огромен интерес и покрај фактот што повеќе од половина домаќинства во Македонија немаат можност да ги гледаат каналите на СпортКлуб кој ги откупи правата за територијата на нашата земја, па мора да се снајдуваат преку онлајн стримови.
Според тоа истражување најмалиот Ф1 фан имаше 11 години, но не сме биле во право. Денес Предраг Лазаревски од Куманово ни испрати фотографии од своето ремек дело - Ф1 болид, и не демантираше дека најмалиот Ф1 фан е Јосиф.
Како и повеќето Ф1 фанови во Македонија, Предраг својата љубов кон врвниот мотоспорт ја наследил од својот татко и ја пренесува на својот син. Доколку талентот, времето и среќата е на страната на малиот Јосиф се надеваме дека ќе го имаме првиот Ф1 шампион од Македонија.
Предраг Лазаревски: "Не сме од Kуманово, а љубовта кон Ф1 ја наследив од татко ми, затоа и јас ја пренесувам на синот. Формула 1 започнав да следам непосредно пред да загине Сена и затоа болдиот е таков. Потоа, нормално број еден ми е Шумахер, а моментно ми се допаѓа Макс, кој после толку време успеа да ни донесе интересна сезона и да му парира на Луис за Титулата."
"Секој ден штом заспие малиот, влегував во подрум и по малку чепкав, а кога заличе, конструкцијата му ја покажав и од тогаш заедно цело време, јас штом составам едно, тој ќе растури другo... Кога ja лепев со полиестер се избоцка, па плачеше... Купив големо џипче, цело го размонтирав, тркалата, моторчињата и инсталацијата кои сега се вградени во овој болид со далечински управувач."
НАЈМЛАДИОТ ФАН И ИДЕН ШАМПИОН ВО ФОРМУЛА 1
10/03/2021 07:29:00 PM
0
Share to other apps
