Веднаш штом беше отворена патеката, беше домаќин на инаугуративното Гран При на Турција на 21 август, трка исполнета со драма, Победник беше Кими Раиконен со Мекларен, а Марк Вебер и Михаел Шумахер имаа свој момент, кога Вебер се обиде да претекне за да биде во ист круг со победникот.
Нема сомнение дека Истанбул е една од најдобрите патеки конструирани од Тилке, со тоа што делови од патеката се споредувани со слични карактеристики на СПА-Франкоршамп, Интерлагос и Лагуна Сека. Сепак, главна карактеристика на патеката останува на 8 свиок, неверојатно брз, нерамен, со спуст од повеќе апекси, што е соодветен тест за посветеноста на возачите.
Во 2020 година, пред почетокот на викендот, беше поставен нов асфалт на патеката, кој испушташе масла и беше многу лизгав.
Во текот на изминатата година, асфалтот созреа, плус организаторите донесоа специјална компанија што дополнително го обработи, па возачите имаа далеку поголем грип отколку пред една година.
Турското Гран При во Ф1 календарот влета како замена за трката во Јапонија, која требаше да биде последна домашна трка за Хонда, за која Јапонците подготвија неколку изненадувања. Јапонското Гран При беше откажано, па новото обојување за болидите на Ред Бул во боите на Хонда, подготвено за истата, беше искористено во Истанбул.
Трката за Големата Награда на Турција започнува во 14:00 часот, а според досегашниот тек на викендот Луис Хамилтон изгледа добро во неговиот болид, кој се однесуваше како што посакува од првиот круг на асфалтот.
За разлика од него, неговиот главен ривал за титулата, имаше потреба од многу работа околу подесувањњето на неговиот РБ16Б, кој на Истанбул Парк не е на ниво на задачата и секако брзината. Холанѓанецот се жалеше на слаб грип на предните тркала, проследено со грејнинг на гумите.
Двајца возачи, Луис Хамилтон и Карлос Саинц Јр. ги загубија своите позиции на стартот. Луис доби казна од десет позиции за замена на моторот, а Карлос ќе мора да стартува од последниот ред поради замена на сите елементи на погонската единица.
Најбрзaта стратегија за Турското Гран При, кое се состои од 58 круга, е со две застанувања во бокс и првичен стинт на жолтите гуми, проследен со два завршни на белите гуми. Тоа е затоа што две застанувања го минимизираат грејнингот и абењето, дозволувајќи им на возачите повеќе да форсираат за време на пократките стинтови.
Следна најбрза стратегија е едно застанување во бокс, премин од жолти на бели гуми. Како трета најбрза стратегија е повторно со две застанувања во бокс, со почетен стинт на жолти гуми, проследен со стинт на жолти, па бели. Така, деветте возачи кои го поставија најбрзото време на жолтите гуми во Q2 сесијата, и ќе ја започнат трката на оваа смеша, им стојат на располагање неколку опции, во зависност од тоа кои гуми ги имаат на располагање.
Меѓутоа, поагресивната стратегија за "спринт" со две застанувања, со користење на црвените гуми за старт на трката, исто така, може да се исплати под соодветни околности, така што оваа стратегијата треба да е фино избалансирана. Оние што ќе стартуваат со црвените гуми ќе треба да застанат релативно брзо во трката поради високите стапки на абење на оваа смеша, исто така и поради површината на патеката измиена под притисок, но потоа тие исто така имаат опции.
Губењето на време при пит-стоп во Турција е едно од најниските во календарот, околу 20 секунди, што функционира во корист на две застанувања во бокс, особено ако имаме трка со многу инциденти.
Марио Изола, Пирели: "Дождот имаше ефект на ресетирање на патеката, но и во влажни услови на тренинг сесијата, возачите пријавија многу повеќе грип во споредба со минатата година. Возачите потоа повторно се справија со патеката која брзо се развива за време на квалификациите, при што скоро сите ги избраа жолтите гуми за Q2 сесијата."
"Двe застанувања во бокс со користење на жолтите и бели гуми, на хартија е најбрзата стратегија, но и таа со едно застанување жолти-бели или "спринт" стратегија со користење на црвените гуми е во игра, па стратегиски имаме неколку интересни можности."
"Времето, исто така, ќе има улога, a ризикот за дожд се уште е присутен. Ако се покаже дека е така, податоците од третиот тренинг ќе бидат исклучително вредни. Точките на вкрстување помеѓу гумите за силен дожд и интермедија, како и помеѓу интермедија и гуми за суво се пониски од другите патеки, па тоа ќе има влијание врз стратегиите во променливи услови."
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА ТУРЦИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 3. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 4. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 5. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 6. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 7. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 8. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 9. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 10. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 11. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | казна - промена на мотор |
| 12. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 13. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 14. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 15. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 16. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 17. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 18. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| 19. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | казна - промена на ПЕ |
| казна - промена на ПЕ | 20. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|
