Ендрју Вестакот, извршниот директор на Големата Награда на Австралија, вели дека следната година може да биде клучна за иднината на овој спортски настан во неговата земја.
Формула 1 официјално го објави неверојатниот календар од 23 трки за шампионатот во 2022 година, потврдувајќи дека е планирана трка за Мелбурн.
Сепак, по откажувањата во последните две години, таа го загуби своето традиционално место како настан со кој се отвараше Ф1 сезоната.
Воедно, Вестакот потврди дека ако закажаната трка за 10 Април, исто така, биде откажана поради владините ограничувања за пандемијата, врвниот мотоспорт може целосно да се откаже од настанот во Алберт Парк во следните сезони.
"За Мелбурн е да се биде или не. Мислам дека постои реален ризик дека со големата конкуренција за местата во календарот, настанот целосно да биде отакажан во следните години."
"Значи, ако во Австралија не можеме да организираме трка во 2022 година, мислам дека Формула 1 ќе има легитимно право да бараат алтернативи за Мелбурн."
"Сепак, од дијалогот и многу, многу силната поддршка што ја имаме од нашиот министер за спорт и големи настани, Мартин Пакула, дека таквиот тек на настаните нема да се случи".
ГН АВСТРАЛИЈА - ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ
10/19/2021 03:08:00 PM
0
Share to other apps
