Вчера на Пол Рикар, Пирели ги заврши тестовите на 18" Ф1 гуми, кои следната година ќе бидат замена на тековните 13 инчни. Тимовите обезбедија болиди за 35 тест дена, од кои 28 се одржаа оваа година.
Возачите ги тестираа новите гуми кон крајот на 2019 година и почетокот на 2020 година, пред програмата да биде суспендирана поради пандемијата, за да продлжи на почетокот на 2021 година.
Префрлањето на нови гуми со низок профил, претставува техничка револуција за врвот на светскиот мотоспорт, која што бараше интензивна програма за истражување и развој.
Во споредба со тековните 13-инчни гуми, префрлањето на 18 инчни значеше почеток на дизајн од нула, при што инженерите на Пирели го осмислија и дизајнираа секој елемент на гумата, од профилот до структурата до смешите.
Работата на новите гуми во основа траеше повеќе од 10.000 часа, инженерите работеа на симулаторот повеќе од 5.000 часа, создавајќи над 70 виртуелни прототипови, врз основа на кои беа произведени 30 вистински прототипови на гуми, кои возачите ги тестираа на патеките.
За тоа време, тие поминаа 4267 круга, повеќе од 20.000 километри, користеа 392 комплети или точно 1568 гуми. Речиси сите тимови и 19 возачи учествуваа на тестовите, од кои 15 беа главните возачи. Нивните забелешки и информации им помогнаа на инженерите на Пирели да ги изменат и подобрат гумите.
Марио Изола, Пирели мотоспорт: "Со последните тестови на гумите за дожд на Пол Рикард ја завршивме нашата развојна програма за новите Ф1 гуми од 18 инчи. Минатата година, моравме целосно да ја ревидираме програмата поради пандемијата, ги откажавме тестовите на патеките и се фокусиравме на работа на симулаторот."
"Виртуелниот систем за тестирање ни помогна да го оптимизираме бројот на прототипови на гуми, кога се вративме на тестирањето на вистинските патеки, кое за оваа година траеше 28 дена."
"Развојниот процес го започнавме со прилагодување на профилот, а потоа се префрливме на основната конструкција и дизајн на гумите, и конечно создадовме пет смеши што ќе ги хомологираме за следната година."
"До овие резултати дојдовме со помош на возачите кои учествуваат во годинешниот Ф1 шампионат и за нас тоа е клучен момент, иако моравме да користиме адаптирани болиди."
"Доколку се појави потреба, следната година, ќе имаме уште неколку тестови што ќе ни овозможат да ги прилагодиме новите гуми на болидите од следната генерација."
"Кога ФИА ќе ги одобри новите спецификации, возачите ќе имаат можност да ги тестираат 2022 гумите на тест сесијата веднаш по Големата Награда на Абу Даби. Сепак, новите 18" гуми на болидите од новата генерација нема да ги видиме се до зимските тест сесии за новата 2022 сезона."
НОВА ГЕНЕРАЦИЈА ГУМИ, ЗА НОВИТЕ 2022 БОЛИДИ
10/19/2021 04:25:00 PM
0
Share to other apps
