Ирина Сидоркова ќе ги пропушти последните трки од Формула Ж, што ќе се одржат викендов во Остин, паралено со Формула 1.
Причината е банална, Американците не и издадоа виза, па нејзината сезона во интернационалниот шампионат за жени заврши пред предвиденото.
Русинката се обрати до своите фанови преку социјалните мрежи: "Тоа е тоа, мојата сезона заврши. Не ми беше одобрена виза за Соединетите држави."
"Прво, на интервју во Амбасадата на САД во Оман, а потоа и кога Формула Ж, Формула 1 и канцеларијата на конгресменот МекКол од Тексас до последен момент се обидоа да го решат ова прашање (многу им благодарам за ова)."
"Стејт департментот не е сигурен "дека мојата посета на Соединетите држави ќе биде привремена". Ова е прв пат во мојот живот и тркачката кариера."
"Бев лишенa од завршните трките и можноста да се борам за добар пласман и парични награди, што планирав да ги инвестирам во мојот тренинг."
"Како заклучок, сакам само уште еднаш да кажам: јас сум возач од Русија и горда сум на тоа! Ќе продолжам како таква, без разлика колку ќе ме чини! За жал, спортот не е надвор од политиката, за жал!"
СПОРТОТ И ПОЛИТИКАТА НЕ ОДАТ ЗАЕДНО, КАКО ЗА КОГО
10/20/2021 11:28:00 PM
0
Share to other apps
