Оваа сезона ќе биде најдобра од хибридната ера на Формула 1 Шампионатот, конечно се пронајде возач, тим кој ќе парира на доминацијата на Мерцедес АМГ. Останува да видиме дали Супер Макс и Ред Бул ќе останат доследни до самиот крај! Двајцата претенденти за титулата пристигнаа во Остин со шест поени разлика во корист на Холанѓанецот и трката ја стартуваа од првиот ред.
Ферстапен ја освои Пол позицијата, на Луис му фалеа две десетинки за тоа. Нивните тимски колеги Перез и Ботас се квалификуваа зад нив, но Валтери загуби пет места за уште една замена на моторот од Мерцедес погонската единица. Во што е финатата на толку замени?!?
Уште тројца возачи, Ветел, Алонсо и Расел, добија нови погонски единици и стартуваа на крајот од гридот. Времето во Остин беше невообичаено топло. Пирели при изборот на смешите (C2, C3 и C4) се водеше според вообичаените услови за есенскиот Тексас, но на високите температури, црвените гуми на абразивниот асфалт брзо се прегреваа и ја губеа ефикасноста, па тимовите се потпираа на на потврдите смеши. Сите стартуваа на жолтите гуми, само Саинц Јр. и Цунода беа на црвените.
Кога болидите се наредија на гридот, Пјер Гасли пријави проблеми, а неговите механичари работеа забрзано и до стартот беа во можност да ги решат неочекуваните проблеми со моторот на Хонда.
На стартот Луис Хамилтон ја искористи внатрешната страна на втората стартна позиција и го престигна Ферстапен, кој настојуваше агресивно да го затвори, но Британецот го презеде водството по првиот свиок. На стартот, Рикиардо го престигна Саинц Јр., Латифи го изврте Строл, а Мазепин мораше во бокс, неговиот потпирач за главата отпаднал од болидот.
На почетокот од вториот круг топ 10 поредокот беше: Хамилтон, Ферстапен, Перез, Леклер, Рикиардо, Саинц Јр., Норис, Цунода, Ботас, Гасли. Во 3-от круг, Гасли успеа да го престигне Ботас за деветтото место.
Напред, Ферстапен го притисна Хамилтон, возеше во ДРС опсег и не му дозволуваше да направи поголема разлика. Разликата во брзина не беше доволна за да нападне.
Поназад во предокот имавме повеќе контакти, Окон и Џовинаци, по што Французинот мораше во бокс за промена на предното крило. Истото го направи и Николас Латифи, кој вие дека нема да може да ја продолжи трката со оштетено предно крило, по контактот во првиот свиок со својот сонародник.
Првата серија на застанувања во бокс започна релативно рано, веќе во 8 -от круг, кога Фернандо Алонсо се упати кон својот бокс за промена на гуми. Веќе во следниот круг тоа го направија и Џовинаци, Цунода и Расел, а на изненадување на сите и Макс Ферстапен, кој се ослободи од жолтите гуми.
Неколку моменти подоцна тоа се покажа како исправен потег на тимот на Ред Бул, бидејќи летечкиот Холанѓанец, навистина леташе на патеката, па кога Хамилтон беше повикан во бокс, 4 круга подоцна тој имаше 6.7 секунди предност пред Британецот.
Во тие моменти болидот на Гасли ја загуби брзината, тој се пожали на проблеми со амортизацијата и се повлече во својата гаража и се повлече од трката. За одбележување е блиската борба на двајцата ветерани на овој спорт, Кими Раиконен и Фернандо Алонсо за 13-тото место, по што дојде до контакт, но стјуардите решија да го окарактеризираат инцидентот како тркачки.
Топ десет поредокот во 20-от круг беше: Ферстапен, Хамилтон, Перез, Леклер, Рикиардо, Саинц Јр., Норис, Ботас, Цунода, Раиконен.
Откако изгуби повеќе од шест секунди по првиот пит-стоп, Хамилтон ја намали разликата на три во 30-от круг, а тоа беше знак во тимот на Ред Бул по втор пат да ги сменат гумите на болидот на Ферстапен, заштитувајќи го од стратегиско менување на гуми од страна на Хамилтон.
Макс се врати на патеката трет, веднаш зад Перез, но Мексиканецот лесно го пропушти пред себе, по што Холанѓанецот повторно имаше чиста патека до Британецот. Водејќи ја трката, Луис остана на патеката и одговори со поставување на најбрзиот круг, и остана на патеката се до 37-от круг.
Кога се врати на патеката, на второто место, осум секунди зад Ферстапен, сите помислија, а особено членовите на Мерцедес АМГ и самиот Хамилтон дека победата е на дофат, со оглед дека имаше 8 круга понови гуми.
Топ десет поредокот во 40-от круг беше: Ферстапен, Хамилтон, Перез, Леклер, Рикиардо, Саинц Јр., Ботас, Норис, Ветел, Цунода. Во 42-от круг, Естебан Окон мораше да го запре болидот во боксот и се повлече од трката. Во наредниот круг, Карлос Саинц Јр. го нападна Рикиардо, дојде до контакт, Мекларенот остана напред, а предното крило на Ферарито беше оштетено, но Шпанецот продолжи да се трка.
Во 51-от круг, Алонсо го запре болидот во боксот и се повлече поради проблеми со задното крило. Кими Раиконен, се изврте во 6-от свиок, прелета низ чакалот покрај патеката, но, успеа да се врати на асфалтот.
Напред сите очекувавме борба за првото место, која беше најавувана за последните 5 круга. Хамилтон постепено ја намалуваше разликата и на два круга до крајот беше една секунда зад Ферстапен, но не доби шанса за напад за првото место.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА АМЕРИКА 56 круга, 308.405км., Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч34:36.552 |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 1.333 |
3. | Серџо Перез | Ред Бул | + 42.223 |
4. | Чарлс Леклер | Ферари | + 52.246 |
5. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 1:16.854 |
6. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 1:20.128 |
7. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 1:23.545 |
8. | Ландо Норис | Мекларен | + 1:24.395 |
9. | Јуки Цунода |
АлфаТаури | + 1 круг |
10. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | + 1 круг |
11. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
12. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 1 круг |
13. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
14. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
15. | Николас Латифи |
Вилијамс | + 1 круг |
16. | Мик Шумахер |
Хас | + 2 круга |
17. | Никита Мазепин | Хас | + 2 круга |
НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:38.485 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
18. | Фернандо Алонсо |
Алпин |
дефект |
19. | Естебан Окон |
Алпин | дефект |
20. | Пјер Гасли | АлфаТаури | дефект |
ХИБРИДНА ЕРА - ПАТЕКА НА АМЕРИКА 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч40:04.785 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч50:52.703 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч38:12.618 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч33:50.991 2018 Кими Раиконен - Ферари - 1:34:18.643 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч33:55.653 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч34:36.552 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 17/22 | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Макс Ферстапен | 287.5 | |
2. | Луис Хамилтон | 275.5 | |
3. | Валтери Ботас | 185 | |
4. | Серџо Перез | 150 |
|
5. | Ландо Норис | 149 | |
6. | Чарлс Леклер | 128 | |
7. | Карлос Саинц Јр. | 122.5 | |
8. | Даниел Рикиардо | 105 | |
9. | Пјер Гасли | 74 | |
10. | Фернандо Алонсо | 58 | |
11. | Естебан Окон | 46 | |
12. | Себастијан Ветел | 36 | |
13. | Ленс Строл | 26 | |
14. | Јуки Цунода | 20 | |
15. | Џорџ Расел | 16 | |
16. | Николас Латифи | 7 | |
17. | Кими Раиконен | 6 | |
18. | Антонио Џовинаци |
1 | |
19. | Мик Шумахер | 0 | |
20. | Роберт Кубица |
0 | |
21. | Никита Мазепин | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 460.5 | |
2. | Ред Бул | 437.5 | |
3. | Мекларен | 254 | |
4. | Ферари | 250.5 | |
5. | Алпин | 104 | |
6. | АлфаТаури | 94 | |
7. | Астон Мартин | 62 | |
8. | Вилијамс | 23 | |
9. | Алфа Ромео | 7 | |
10. | Хас | 0 |