Главни нејзини карактеристики се природните промени во елевацијата, вклучувајќи ја 40 метарската нагорнина кон првиот свиок кој е главното обележје на "Патеката на Америка". Потегот од третиот до деветиот свиок претставува низа од брзи свиоци кои потсетуваат на Maggots-Becketts-Chapel од Силверстоун или Esses во Сузука. Втората половина од техничкиот дел од кругот, завршува со низа на бавни свиоци кои потсетуваат на Хокенхајм.
Големата Награда на Соединетите Држави е еден од најпосетените настани во Ф1 календарот со што Остин, полека станува нов дом за Формула 1 во САД. Главна знаменитост во комплексот на оваа патека е 25-катната Кула за набљудување.
Во 2017 година беше одлучено квалификациите да се одложат за два часа поради концерт, но оттогаш тоа стана традиција, па така ова е еден од ретките настани кога квалификациите и трката започнуваат во разлика од два часа.
Една од главните теми на разговор е состојбата со асфалтот, поради незгодните нерамнини, кои доколку не се поправат, може да донесат до губење на договорот со Формула 1, а најверојатно и МотоГП Шампионатот.
Во петокот, Мерцедес АМГ беше најбрз, но вчера Ред Бул ја презеде контролата во свои раце и беше најбрз кога е најпотребно. Релативно лесно Макс Ферстапен стигна до својата 9-та Пол позиција оваа сезона.
Во Остин имаме невообичаено жешко време кое има големо влијание врз деградацијата на гумите на Пирели, особено на најбрзите црвени гуми кои се прегреваа, не обезбедувајќи го потребниот грип.
Викендов наголемо се пишуваше за интересното решение за задната амортизација на болидот на Мерцедес АМГ, кое, поради пасивната механичка интеракција на рамената и пружините, ви овозможува да ја промените висината при возење, со што се намалува ефикасноста на дифузорот на правците, а тоа го намалува отпорот и ви овозможува да постигнете поголема брзина.
Од тимот на Ред Бул беше поднесен приговор, што имаше за цел да ја принуди ФИА одблизу да го разгледа овој систем, но според германскиот АМУС, техничките служби на федерацијата немаат примедби за задната амортизација на Мерцедес АМГ. Покрај тоа, уште седум тимови користат слични решенија, но во толкава екстремност како шампионскиот тим.
Четворица возачи ги започнаа квалификациите знаејќи дека ќе ги загубат своите позиции на стартот. Алонсо, Ветел и Расел целосно ги променија погонските единици, па добија казна да стартуваат од крајот на гридот. Валтери Ботас го промени само моторот, па загуби пет места.
Со високите температури и високата абразивност на асфалтот на патеката на Америка, најверојатно не очекува трка со два пит-стопа. Вистинската стратегија што секој возач ќе ја избере, исто така, очигледно ќе зависи од гумите им преостануваат во нивните индивидуални распределби.
Најбрзата варијанта, на хартија, за Големата Награда на Америка која се состои од 56 круга, вклучува еден стинт на црвените или жолтите гуми и два на белите. Двете опции за почетниот стинт изгледаат многу блиски.
Менаџирањето со абењето и деградацијата на црвените гуми ќе биде од клучно значење, така што оние што сакаат да испробаат стратегија за едно застанување ќе можат да го направат тоа само со помош на жолтите и белите гуми, но се чини дека тоа не е лесно да се постигне.
Како што може да се очекува во оваа фаза од сезоната, има неколку возачи кои стартуваат од неприродна позиција за нив, поради казни за промена на делови од погонеските единици, па тие би можеле да бидат во искушение да ги вклопат белите гуми како почетни и да возат долг прв стинт за да добијат позиции на патеката.
Сепак, COTA е патека со неколку можности за претекнување и разумно мала загуба на време во бокс, така што предноста на стратегијата со едно застанување може да биде малку помала од вообичаената.
Вкупно осум возачи го поминаа Q2 на жолтите гуми, што значи дека тоа ќе биде смешата на која ќе ја започнат трката. Само Карлос Саинц Јр. (непланирано, брзиот круг на жолтите гуми му беше избришан) од Ферари и Јуки Цунода од Алфа Таури ги забележаа своите најдобри Q2 времиња на црвените, и ќе стартуваат од од 5-тата и 10-тата позиција на гридот, соодветно.
Марио Изола, Пирели: "Жолтите гуми беа фаворизирани од мнозинството возачи од Топ 10 пласманот на гридот, бидејќи стартувањето на оваа смеша овозможува поголема флексибилност во однос на стратегијата. Менаџирањето со црвените, за да се избегне прегревање, особено на задните гуми, е клучно во овие топли услови, а тоа ги прави жолтите и белите гуми како клучен избор за трката."
"Стратегијата со две застанувања е поверојатна, поради тоа што големите брзини и абразивната површина, брзо ги трошат гумите. Во исто време, релативно ниската загуба на време во пит-стоп и бројот на можности за претекнување ги ублажуваат предностите на стратегјата со едно застанување во бокс."
"Постојат голем број на различни варијации на стратегијата со две застанувања кои се прилично тесно усогласени, во зависност од околностите на трката, така што изгледа дека ова ќе биде интензивна стратешка битка."
ГОЛЕМА НАГРАДА НА АМЕРИКА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
1. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
3. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
4. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
5. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
6. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
7. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
8. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
9. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | казна - промена на мотор |
10. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
11. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
12. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
13. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
14. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
15. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
16. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
17. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
казна - промена на ПЕ | 18. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН |
19. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | казна - промена на ПЕ |
казна - промена на ПЕ | 20. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |