Во 2022 година, Формула 1 не само што ќе има болиди конструирани во согласност со новите технички прописи, туку и вообичаениот распоред на тркачкиот викенд ќе претрпи одредени промени.
Со 23 закажани трки за следната сезона, нов рекорд, челниците на Формула 1 го намалија викендот за еден ден. Од 2022 година, тркачкиот викенд официјално ќе започне во петок, а не во четврток, како во сите претходни години.
Во петок наутро, тимовите ќе треба да и ги достават на ФИА болидите за технички преглед, а откако ќе го поминат, да ги стават болидите пред своите гаражи и да им кажат на новинарите за новините на истите.
Официјално, оваа ставка во програмата за тркачки викенд ќе се вика "Прикажи и Раскажи (Show and Tell)" и е наменета за љубителите заинтересирани за техничката страна на спортот.
Тимовите допрва треба да разговараат за сите детали, но јасно е дека инженерите нема да ги откријат сите тајни, ограничувајќи се на фотосесија и кратко соопштение за медиумите.
Петочни сесии ќе бидат поместени и во европските неспринт тркачки викенди, првиот тренинг ќе се одржи од 13 до 14:00 часот по локално време, а вториот од 16 до 17:00 часот. Досега 12:30-13:30 и 15:00-16:00. Распоредот за сабота и недела ќе остане непроменет.
Правилото за "Parc Ferme", кое во буквален превод значи затворен паркинг за Ф1 болидите, не доби зелено светло да започне уште со првиот тренинг, бидејќи челниците на Формула 1 не сакаа да ги оневозможат тимовите, да монтираат нови делови на болидите.
Режимот "Parc Ferme" ќе почне да функционира од моментот на започнување на квалификациите, како што е и со сегашните правила.
Значи ќе имаме три дена преполни со акција, на и надвор од патеката. Типичен распоред за тркачкиот викенд во текот на 2022 сезоната ќе биде:
ПЕТОК
09:00 Прес/Документација/Проверки
13:00-14:00 Тренинг 1
15:00-16:00 Прес на Тимски претставници
17:00-18:00 Тренинг 2
19:00- Прес/Брифинзи
САБОТА
09:00-10:30 Интеракција со возачите, автограми
12:00-13:00 Тренинг 3
15:00-16:00 Квалификации
17:00- Прес/Брифинзи
НЕДЕЛА
13:30 Парада на возачите
15:00 Почеток на трката
18:00 Прес конференција
Точните времиња ќе се разликуваат во рамките на дозволените параметри, особено за ноќните трки.
Заклучокот е дека Ф1 верува дека ревидираните формати оваа година ќе заштедат најмалку 24 дена, два дена за Монако и по еден за секоја од 22-те трки, со што тимовите би заштедиле на хотелски трошоци, а вработените би имале дополнително време за одмор помеѓу трките. Негативна страна за промоторите е тоа што туристичкиот потенцијал се намалува за еден ден.
СКРАТЕН ТРКАЧКИОТ ВИКЕНД ЗА 2022 СЕЗОНАТА
11/11/2021 06:20:00 PM
0
Tags
Share to other apps
