Според германскиот АМУС, одлуката дали Ауди и Порше ќе дојдат во Формула 1 во 2026 година ќе биде донесена во првата половина на декември. Раководителите на Фолксваген, Ауди и Порше го поддржуваат проектот за учество на двата бренда, бидејќи погонската единица ќе биде развиена во еден центар, а ќе се користи под две имиња, обезбедувајќи двоен маркетиншки ефект.
Ова беше стратегијата на групацијата и на трката 24 Ле Ман. Одлуката треба да се донесе пред 15 декември, кога Светскиот совет за моторни спортови на ФИА треба да ја одобри новата регулатива за погонските единици за 2026 сезоната, приспособена за Ауди и Порше, турбо V6 без MGU-H со помоќен хибриден систем и еколошки почисто гориво.
Дизајнот и конструкцијата на ПЕ за Формула 1 е тешка стратегиска задача, изводлива само со вистинскиот тим. Познато е дека Ауди и Порше разговарале за опциите за соработка со четири тима, Мекларен, Ред Бул, Вилијамс и Заубер, и тоа од купување до партнерство со значајно право на глас.
Идеалното решение од гледна точка на челниците на компанијата, очигледно, изгледа вака: Ауди да го купи Мекларен, целата компанија или само тркачкиот тим, а Порше да стане партнер на Ред Бул, како што е сега Хонда. По воведувањето на буџетските ограничувања во Формула 1, сопственоста на тим стана профитабилен бизнис.
Трошоците се фиксни, приходите се познати, сега ова е вистински бизнис модел. Тимот на Мерцедес АМГ ќе оствари профит оваа година и ќе ги надомести трошоците за погонските единици. Мекларен наскоро ќе биде профитабилен тим.
Проблемот за потенцијалните купувачи е што со успехот на Формула 1, тимовите поскапуваат, а многу од нив не се на продажба. Вредноста на Мекларен наскоро би требало да достигне милијарда долари. Но, ако не се купува, тогаш партнерството како снабдувач на погонски единици е исто така скапо.
Ако Порше биде партнер со Ред Бул, тие бесплатно ќе ги снабдуваат со погонски единици, со тоа ќе плаќаат за нивните логоа на нивните болиди, а можеби и за платите на возачите.
Гласините велат дека Вилијамс го разгледува Порше како алтернатива, но Хелмут Марко од Ред Бул не ги смета овие опции за остварливи: "Во кој било друг тим ќе им требаат повеќе од три години за да станат лидери, а со нас ќе можат да сметаат на победи од првата сезона."
Во декември ќе дознаеме кое ќе биде конечното решение и дали Формула 1 Шампионатот ќе биде збогатен со нов добавувач на погонски единици од 2026 година.
АМУС: АУДИ ГО КУПУВА МЕКЛАРЕН, ПОРШЕ ПАРТНЕР СО РЕД БУЛ?!?
11/11/2021 01:45:00 PM
0
Tags
Share to other apps
