Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, изјави дека во иднина, правилото за старт на трката на сетот гуми со кои возачот го забележува најбрзото време во Q2 сесијата од квалификациите би можело да биде избришано.
Кога ова правило се појави во прописите во 2014 година, се претпоставуваше дека ќе обезбеди мала предност на стартот на возачите пласирани над 10-тата позиција, но, како што често се случува, испадна обратно, главно им помогна на најбрзите тимови.
"Според мене, ова правило им дава уште поголема предност на оние кои се побрзи, тие лесно можат да ги изберат подобрите гуми во Q2 сесијата од квалификациите, а останатите треба да користат помеки смеши за да имаат шанса да стигнат до финалниот дел на квалификациите. Добивме сосема спротивен ефект од првично планираниот. Не мислам дека ќе има проблеми со отстранувањето на овој член од прописите."
Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, зборуваше за уште една иновација која би можела да се појави во 2022 година.
Во петок, пред почетокот на тренинг сесиите, инженерите на тимовите на прес конференција ќе зборуваат за техничките иновации во подготовките за тркачкиот викенд.
Ваквите информативни сесии ќе се одржат веднаш по техничкиот преглед на ФИА, кој ќе биде одложен од четврток за петок наутро.
"Планираме големи прес-презентации, каде што новинарите ќе можат одблизу да ги разгледаат болидите и да разговараат со инженерите.
Сакаме фановите да имаат поголем пристап до техничките информации. Ова ќе го зголеми интересот за Формула 1, бидејќи многу од нив се заинтересирани за техничката страна на трката."
Моментално, Пирели, за секој тркачки викенд носи 13 сетови на гуми за суво, четири интермедиа сетови и три сетови на гуми за дожд за секој возач. Тоа се 1600 гуми за секоја трка, 36.800 гуми за следната сезона од 23 трки.
Многу од овие гуми не се користат. Раководството на Формула 1 размислува како да го намали бројот на гуми без да наштети на шампионатот и тимовите.
"Во текот на следната сезона, сакаме да испробаме неколку идеи за кои сè уште не се чувствуваме сигурни, како со спринт квалификациите за оваа година. Конкретно, сакаме да разбереме дали е можно да се намали бројот на гуми што ги користиме за време на тркачкиот викенд.
Сакаме да бидеме поефикасни во сите правци."
"Логистиката и употребата на гуми е една од нив. Планираме да користиме помалку гуми од вообичаено за поединечните викенди и веруваме дека можеме да го направиме тоа без да му наштетиме на спортот.
ФИА тесно соработува со Пирели и тимовите за да најдат алтернативни опции за дистрибуција. Ќе ја тестираме оваа шема во текот на неколку викенди. Ако работи, можеме да го користиме во иднина."
UPDATE 12.11.2021: Сегашните регулативи ги обврзуваат возачите кои се пласирале во Топ 10, на стартот од трката да го користат сетот гуми на кои го забележале најбрзото време во Q2 сесијата.
Како што неодамна објавивме, Рос Браун го критикуваше ова правило, велејќи дека тимовите се подготвени да го поддржат неговото откажување, што и се случи.
Според АМУС, тимовите гласале за бришење на ова правило и следната година ќе имаат право на слободен избор на гуми на стартот на трката.
РЕВИДИРАНО ПРАВИЛОТО ЗА СТАРТНИТЕ ПНЕВМАТИЦИ
11/03/2021 10:59:00 PM
0
Tags
Share to other apps