Серџо Перез за прв пат дојде во Мексико, на домашната трка за него, возејќи болид кој може да се бори за Победа. Пред почетокот на викендот на патеката Браќа Родригез, Ред Бул одржа шоу програма во Мексико Сити, привлекувајќи 130 илјади гледачи.
Локалниот идол, Серџо Перез, го возеше RB7 на Себастијан Ветел од 2011 година низ улиците на мексиканската престолнина, со неговиот фантастичен звук кој одекнуваше меѓу зградите. На домашна сцена за Мексиканецот се подготвени нов тркачки комбинезон и кацига.
- Дали сте среќни што се враќате на вашата домашна патека?
"Неверојатно среќен! Со нетрпение го очекував овој викенд. Мојата земја ме поддржува од самиот почеток на мојата кариера, навистина уживам кога настапувам пред моите фанови. Одлично е што овој пат имам тим и болид со кој можам да победам на домашната трка. Имаме шанса да постигнеме одлични резултати овој викенд. Ќе дадам се од себе, ќе се подготвам најдобро што можам, да видиме како ќе заврши сето тоа."
- Пред почетокот на викендот, возевте Ф1 болид низ улиците на Мексико Сити...
"Имам луда недела! Да го возам болидот на Ред Бул по една од најпознатите улици на нашиот главен град, сонував за тоа многу години. Не можев да замислам такво нешто. Како спортист, секогаш размислувате за резултатите на патеката, но денес навистина го освоивме Мексико Сити.
Одличен начин да се започне викендот."
"Сè помина многу емотивно. Фановите беа одлични, некои пристигнаа рано и кампуваа преку ноќ. Сега со нетрпение ги очекувам на патеката. Мојата цел е да победам на трката оваа недела!"
"Планирам да организирам и вечера за целиот тим за да ја пробаат одличната мексиканска кујна, да ги почувствуваат добрите традиции на нашата земја."
- Овој викенд ќе имаш специјален дизајн на кацигата. Што те инспирираше да го создадеш?
"За мене учеството на Големата Награда на Мексико е многу емотивен момент. Сакав да користам посебен дизајн за викендот во Мексико Сити, разговарав со уметник што го познавам и тој направи неверојатен дизајн."
"Мислам дека ова е најдобриот дизајн на кацига што сум го имал во мојата кариера. Сакав повеќе и подобро да ги користам моите бои, поактивно да ја претставувам мојата земја, мексиканската култура, нашите традиции. Со нетрпение очекувам да го го носам. Сигурен сум дека многу ќе им се допадне на Мексиканците."
ЧЕКО: ИМАМ ЛУДА НЕДЕЛА
11/04/2021 11:20:00 AM
0
Share to other apps