Асфалтот беше лизгав, а возачите постепено ја зголемуваа брзината, започнувајќи ја сесијата со аеро тестови на белите и жолти гуми, а потоа преминаа на проценка на ефикасноста и абењето на најмеките, црвени, гуми.
Неколку часа пред сесијата врнеше дожд во Сао Пауло, а во одреден момент имавме лесен и краток дожд и за време на тренинг сесијата, кој не влијаеше на работата на тимовите, иако температурата на патеката беше намалена.
Возачите традиционално се жалеа на нерамнини, па мораше да се разјаснат вистинските поставки на амортизацијата. Раиконен и Ферстапен излетаа од патеката без последици по болидите, Гасли ги блокираше гумите поради проблеми со сопирачките, остатокот од сесијата беше мирен.
На кратката бразилска патека, резултатите се традиционално блиски, при што Луис Хамилтон е на врвот на табелата. Ферстапен извозе помалку кругови и го забележа својот најбрз круг значително порано за второто место, со Перез трет и Ботас четврти.
Од дадените времиња не може да се "прочита" премногу, бидејќи режимите на моторот, количината на гориво и условите на патеката се разликува помеѓу најбрзите кругови на ривалите за титулата. Сето тоа значи дека квалификациите подоцна треба да бидат неизвесни, или пак не?!?
Потврдена е казната од 5 стартни места за Луис Хамилтон за неделната трка, поради новиот мотор во неговиот болид, па Британецот ќе настојува да ги освои трите поени што се нудат за победникот на Спринт квалификациите, а тоа би му донело старт од 6-тата позиција на гридот за неделната трка.
Но, Ред Бул ретко започнува силно на Т1, а минатиот викенд покажа дека никогаш не треба да се исфрли од конкуренција. Ферстапен изгледаше брзо на жолтите гуми, не изгледаше незадоволен од поставеноста на неговиот болид. Формата на Серџо Перез е истата од Мексико, што може да биде од огромна корист за Холанѓанецот.
Зад првите два тима, Гасли со брз круг во последен момент изби пред дуото на Ферари, при што и Италијанците и Мекларен признаа дека АлфаТаури може да има добар пласман на Интерлагос.
Ферари беа следни на табелата, со Карлос Саинц Јр. пред Чарлс Леклер. Моначанецот се жалеше на подуправливост и имаше свои моменти во неколку наврати. Возалите на Мекларен беа на различна програма и не се обидоа за брзи круга на меките гуми.
Квалификациите започнуваат во 20 часот по македонско време, на кој ќе се одреди стартниот редослед за утрешните Спринт Квалификации.
| 2021 ГН САО ПАУЛО - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:09.050 | 31 | |
| 2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:09.417 | + 0.367 | 22 |
| 3 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:09.492 | + 0.442 | 28 |
| 4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:09.567 | + 0.517 | 30 |
| 5 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:09.880 | + 0.830 | 32 |
| 6 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:10.124 | + 1.074 | 31 |
| 7 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:10.142 | + 1.092 | 32 |
| 8 | Естебан Окон | Алпин | 1:10.145 | + 1.095 | 27 |
| 9 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:10.201 | + 1.151 | 26 |
| 10 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:10.352 | + 1.302 | 27 |
| 11 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:10.374 | + 1.324 | 33 |
| 12 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:10.415 | + 1.363 | 28 |
| 13 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:10.443 | + 1.393 | 31 |
| 14 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:10.587 | + 1.537 | 31 |
| 15 | Ландо Норис | Мекларен | 1:10.610 | + 1.560 | 27 |
| 16 | Мик Шумахер | Хас | 1:10.885 | + 1.835 | 27 |
| 17 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:10.902 | + 1.852 | 23 |
| 18 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:10.938 | + 1.888 | 24 |
| 19 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:10.990 | + 1.940 | 25 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:11.342 | + 2.292 | 28 |
| ХИБРИДНА ЕРА - ХОЗЕ КАРЛОС ПАЧЕ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:12.764 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:13.543 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:11.895 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.202 2018 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:09.011 2019 Алекс Албон - Ред Бул - 1:16.142 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.050 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||
