Со тоа ќе стартува од првата позиција на утрешните Спринт квалификации, во борба за три поени, затоа што за Пол позицијата нема да може поради казната за промена на моторот.
Макс Ферстапен, неговиот ривал за титулата, беше немоќен да парира на Британецот, го забележа второ најбрзо време, но со речиси половина секунда заостанување. Третото најбрзо време го имаше Валтери Ботас, кој заостана нешто помалку од една десетинка за Холанѓанецот.
Викендов во Сао Пауло е последен од 2021 сезоната со спринт квалификации и започна со првиот тренинг, на кој возачите мораа да работат на сите поставки на своите болиди. Најбрз беше Луис Хамилтон.
Квалификациите беа борба за првата позиција на стартот од саботните спринт квалификации. Прописите дозволуваат употреба само на меките гуми, така што факторот за избор на старна смеша не беше во игра.
Во Q1 сесија веќе од првиот брз круг на Хамилтон се виде дека денес ќе нема конкуренција, беше за половина секунда пред Ферстапен. Брзиот круг на Леклер беше избришан поради излегување надвор од границите на патеката во четвртиот свиок.
На крајот од сесијата, Британецот беше најбрз, а од понатамошната борба отпаднаа Строл, Латифи, Расел, Шумахер и Мазепин. За прв пат оваа сезона Латифи го победи Расел во квалификациите.
Q2 сесијатa не донесе ништо ново, најбрзиот круг повторно го имаше Хамилтон, но сега Валтери Ботас успеа да биде пред Макс. Окон, Ветел, Цунода, Раиконен и Џовинаци не се пласираа во последната сесија.
Во финалниот сегмент од квалификациите, очекувано, уште по првиот обид Хамилтон беше на врвот на табелата со 1:08.108, две десетинки пред Ферстапен и три пред Ботас.
Ферстапен не беше задоволен од прегревањето на предните гуми во брзиот круг, по што следуваа последните обиди за денес.
Во вториот брз круг, Хамилтон се подобри уште повеќе, додека неговиот главен ривал не беше во можност да се подобри, но остана со второт најбрзо време.
Викендот продолжува со саботниот тренинг, 16:00, и Спринт квалификациите, трка од 24 круга, кои се закажани за 20:30 часот по македонско време.
UPDATE: По квалификациите за Големата Награда на Сао Пауло, ФИА откри неусогласеност со техничките прописи на ДРС-системот на болидот на Луис Хамилтон. Во објавениот документ на техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, се наведува дека на болидот со број 44, позициите за прилагодување на најгорниот елемент на задното крило биле проверени за усогласеност со член 3.6.3 од техничките прописи на Формула 1.
Условот за минималното растојание помеѓу елементите во затворена положба е исполнето. Но, условот за максималното растојание помеѓу елементите да биде 85 милиметри со отворено крило не бил исполнет.
Информациите за констатираниот прекршок се пренесени до стјуардите на трката, кои ќе одлучуваат за санкциите против возачот. Теоретски, резултатите на Луис може да бидат исклучени од квалификациите, што ќе доведе до старт од последниот ред на спринт квалификациите.
Претставник на Мерцедес АМГ е повикан да се сретне со стјуардите во 19:15 часот по локално, 23:15 часот по македонско време.
Доколку Хамилтон биде дисквалификуван, прекршокот ќе треба да се отстрани, а болидите од почетокот на квалификациите се во "Parc Ferme" услови. Прилагодувањето на задното крило ќе биде промена на поставките што ќе доведе до старт од пит-линијата.
UPDATE: По разгледувањето на документот од техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, за неусогласеноста на задното крило на болидот на Луис Хамилтон со техничките прописи на Фоула 1, стјуардите на Големата Награда на Сао Пауло ја одложија одлуката за сабота наутро, локално време, давајќи им можност на страните да презентираат дополнителни докази.
Според АМУС, во петокот попладне, еден час пред квалификациите, техничкиот директор на Ред Бул, Адријан Њуи и главниот инженер Пол Монаган дојдоа во канцеларијата на ФИА со куп хартии и фотографии, но за друга работа. Тие беа заинтересирани за фиксниот елемент на задното крило на болидите на Мерцедес АМГ, кој, според нив, имал забранета флексибилност, менување на положбата при брзини над 260 км/ч, што ја зголемува ефикасноста на ДРС-Ситсемот.
"Тие го прават истото за кое бевме обвинети пред трката во Баку", ја коментираше настанатата ситуација Кристијан Хорнер. По квалификациите, Макс Ферстапен буквално со рака ја ценеше еластичноста на задното крило на неговиот болид, а потоа и на болидот на Хамилтон, што исто така покрена прашања.
Пред квалификациите, Мерцедес АМГ знаеше за посетата на ФИА на вработените во Ред Бул, но не промени ништо, не сомневајќи се дека нивниот болид е нелегален, а Ред Бул не поднесе официјален протест.
Но, по квалификациите, техничките служби на ФИА за време на вообичаните тестови, на болидот на Хамилтон, открија уште едно прекршување, мало надминување на максималното растојание помеѓу ДРС-елементите на отворена позиција, што, според прописите, не може да биде повеќе од 85мм.. Џо Бауер им ја предал оваа информација на стјуардите, а тие го повикаа претставникот на Мерцедес АМГ за објаснување.
Постапката траеше долго, и по неколкучасовна дискусија, одлуката беше одложена за сабота наутро. Приказната ќе продолжи...
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САО ПАУЛО - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:07.934 | |
| 2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:08.372 | + 0.438 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:08.469 | + 0.535 |
| 4. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:08.483 | + 0.549 |
| 5. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:08.777 | + 0.843 |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:08.826 | + 0.892 |
| 7. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:08.960 | + 1.026 |
| 8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:08.980 | + 1.046 |
| 9. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:09.039 | + 1.105 |
| 10. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:09.115 | + 1.179 |
| Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:08.068 | ||||
| 11. | Естебан Окон | Алпин |
1:09.189 | + 1.121 |
| 12. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:09.399 | + 1.331 |
| 13. | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:09.483 | + 1.415 |
| 14. | Кими Раиконен |
Алфа Ромео |
1:09.503 | + 1.435 |
| 15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:10.227 | + 2.159 |
| Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:08.733 | ||||
| 16. | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:09.663 | + 0.930 |
| 17. | Николас Латифи | Вилијамс |
1:09.897 | + 1.164 |
| 18. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:09.953 | + 1.220 |
| 19. | Мик Шумахер |
Хас | 1:10.329 | + 1.596 |
| 20. | Никита Мазепин | Хас | 1:10.589 | + 1.856 |
| 107% време: 1:13.544 | ||||
|
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ХОЗЕ КАРЛОС ПАЧЕ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:10.023 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:11.282 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:10.736 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:08.322 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:07.281 2019 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:07.508 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:07.934 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||||
