Тоа е една од неколкуте трки кои се возат спротивно на стрелките од часовникот и се состои од кривулест дел помеѓу свиоците 6 и 12, со три долги правци помеѓу свиоците три и четири, пет и шест, и после 14-от свиок до почетната "S"(Сена) шикана. Воедно, завршетокот на трето споменатиот правец е најидеалното место за претекнување.
Во минатото кога трките кои се возат во спротивна насока биле новост, тие биле тешки за навикнување за возачите. Во модерната ера, тоа повеќе би предизвикало механички проблеми на болидите, како "бегање" на горивото, водата, маслото спротивно од нивните пумпи.
Како и при секој тркачки викенд инженерите треба да најдат добар сет-ап на болидот со компромис на потисната сила која е посакувана низ тесниот и кривулест дел, но, непосакувана на правците, каде што болидот треба да постигне што е можно поголема максимална брзина.
За претстојната трка сите смеши можат да играат клучна улога. Најбрзата стратегија за Големата Награда на Сао Пауло, која се состои од 71 круга треба да биде со две застанувања во бокс, но многу ќе зависи од температурата на патеката. Времето треба да биде малку потопло. Вчера, црвените и жолтите гуми покажаа слични перформанси, но повисоки нивоа на абење од очекуваното.
На хартија, најбрзата варијанта треба да биде почетен стинт на жолтите гуми, проследен со два стинта на белите. Друга варијанта, многу блиска во однос на претходната е да се користат сите три смеши: старт на жолти, централен стинт на бели и финиширање на црвените гуми.
Трета најбрза опција е со едно застанување во бокс. Почетен стинт на жолтите гуми, завршен на белите, за да се има корист од подолг прв стинт и да се стекне со позиција на патеката. Алтернатива е почетен стинт на црвените и завршен на белите гумио, но оваа варијанта бара поголемо менаџурање со гумите, особено кога болидите се полни со гориво на почетокот на трката.
Според регулативите за викендот кога имаме спринт квалификациите, возачите имаат слободен избор на гуми со кои ќе ја започнат трката, без оглед на гумите користени во квалификациите или спринт трката.
Валтери Ботас победи на третите и последни Спринт квалификации за оваа сезона, откако стартуваше од второто место на гридот на црвените гуми. Финецот ја искористи својата дополнителна брзина за да ја преземе внатрешната страна на првиот свиок и да го преземе водството од Макс Ферстапен, кој стартуваше на жолтите гуми. Потоа, Ботас успешно ги менаџираше своите пневматици со самиот крај.
Неговиот тимски колега, Луис Хамилтон, беше казнет со старт од последниот ред на гридот поради технички прекршок, но освои 15 места за време на спринт квалификациите со помош на жолтите гуми. Тој ќе го започне трката со казна од пет места на грид поради промена на моторот.
Изброт на стартни гуми беше речиси пола-пола, 11 од возачите ги избраа жолтите, а другите девет црвенит гуми. Временските услови на Спринт квалификациите беа слични на тие од Т1 сесијата и 20 степени пониски од Т2.
Марио Изола, Пирели: "Високото ниво на еволуција на патеката заедно со просечните температури на патеката ги вратија црвените гуми како опција за Спринт квалификациите. Дополнителната брзина на најмеката смеша помогна на почетокот, при што Валтери Ботас, како и Карлос Саинц Јр., направија одлични стартови за да се најдат на првите две позиции."
"Во понатамошниот тек од спринт квалификациите, стана прашање на менаџирање со меката смеша, што на Ботас му успеа одлично и му ја донесе победата. Со тоа тој трката за ГН на Сао Пауло ќе ја започне од Пол позицијата."
"За трката, метео прогнозата наавува потопло време, па го очекуваме она што во теорија би требало да биде трка со две застанувања во бокс со сите смеши способни да играат улога."
"Со оглед на тоа што и црвените и жолтите гуми интензивно се користеа за време на спринт квалификациите, и многу тимови ги поделија своите стратегии, ќе има многу податоци за анализа."
Кими Раиконен, ќе ја започне трка за Големата Награда на Сао Пауло од пит-линијата. По саботните спринт квалификации, тимот го смени задното крило на неговиот болид, но со нова спецификација. Ова го прекршува правилото "Parc Ferme", што автоматски доведе до старт од пит-линијата. Во спринтот Кими Раиконен заврши осумнаесетти, па всушност ќе загуби само две позиции.
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА САО ПАУЛО СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 3. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 4. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 5. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 6. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 7. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 8. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 9. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 10. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | казна - промена на мотор |
| 11. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 12. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 13. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 14. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 15. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 16. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 17. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 18. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 19. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| 20. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | старт од пит, промена на задно крило |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|
