Само три тима завршија во ист круг со лидерот, а Ферари овојпат имаше предност во борбата за третото место кај конструкторите, зголемувајќи ја предноста пред Мекларен.
Следната недела борбата ќе продолжи во Катар, каде Формула 1 по првпат ќе се натпреварува на познатата МотоГП патека, Лосаил.
Големата Награда на Сао Паоло беше втора во серијата од три последователни трки, последна трета во сезоната со спринт квалификации.
Макс Ферстапен пристигна со предност од 19 поени пред Луис Хамилтон, заработи уште два поени во спринтот и викендот го започна со голема предност. Неговиот главен ривал беше дисквалификуван од квалификациите, затоа што при технички преглед на болидот на Хамилтон, растојанието помеѓу елементите на отворениот ДРС на десната страна на крилото се покажа дека е 0.2мм. повеќе од дозволените 85мм.
Стјуардите речиси еден ден не можеа да донесат одлука, но на крајот го дисквалификуваа Британецот.
Ферстапен од друга страна беше казнет со парична казна од 50.000 евра, поради тоа што по квалификациите, во "Parc Ferme" услови го допре задното крило на болидот на Хамилтон за да ја процени флексибилноста на неговите елементи.
Во спринт квалификациите на првата позиција беше Макс, но по првиот свиок Ботас го презеде водството и ја освои Пол позицијата за денешната трка. Па така, Валтери и Макс ја започнаа трката од првиот ред, Саинц Јр. и Перез од вториот, Норис и Леклер од третиот.
Хамилтон во спринтот се проби од последното место на петтото, но загуби пет места за замена на моторот и стартуваше десетти. Кими Раиконен ја започна трката од пит-линијата, откако беше сменето задното крило со друго и различни спецификации.
Пирели во Бразил ги донесе C2, C3 и C4 смешите како бели, жолти и црвени гуми. Во трката, како и на саботниот спринт, возачите беа слободни да изберат на кои ќе стартуваат. Само ЈукиЦунода ги одбра црвените, останатите се решија за жолтите.
На стартот Ферстапен и Перез го претекнаа Валтери Ботас за водство по првиот свиок. Малку поназад, Ландо Норис излета од патеката по контактот со Саинц Јр., плус заработи дупната гума и мораше во бокс.
Хамилтон продолжи каде застана на вчерашните спринт квалификации, веднаш се искачи на шестото место, а веќе во 4-от круг ги имаше престигнато и двајцата возачи на Ферари за четвртото место.
Ленс Строл и Јуки Цунода имаа жесток дуел за позиција, завршувајќи со оштетени болиди. Јапонецот имаше помала штета, но и казна од 10 секунди од стјуардите. Во 6-от круг, Ботас го пропушти Хамилтон за третото место.
Премногу остатоци имаше на асфалтот по инцидентот на Јуки и Ленс, па безбедносниот автомобил беше истратен на патеката, како би се отстраниле остатоците од карбон.
Топ десет поредокот беше: Ферстапен, Перез, Хамилтон, Ботас, Леклер, Саинц Јр., Ветел, Гасли, Окон, Рикардо. Џорџ Расел и Ландо Норис заминаа во бокс по нови гуми
Трката беше рестартирана во десеттиот круг, а Ферстапен го задржа водството. Кими Раиконен го престигна Латифи за 16-то место, Норис ги помина Расел и Латифи. Цунода го престигна Латифи.
Во следниот круг Мик Шумахер во борбата против Раиконен заврши со оштетено предно крило, а на патеката повторно се појавија остатоци, но сега следуваше период под режим на ВБА.
Во 14-от круг беше најавен рестарт а Ферстапен повторно го задржа водството. На Британецот во Мерцедес АМГ му беа потребни само 5 круга да го престигне Серџо Перез за второто место.
Стартните гуми имаа поголемо ниво на абење, за разлика од досегашниот тек на викендот, па во тимот на Мерцедес АМГ се решија први да реагираат. Во 26-от круг беше повикан Хамилтон по нови бели гуми, но реагираа и од гаражата на Ред Бул, повикувајќи го Макс веќе во следниот 27-ми круг.
Холанѓанецот се врати на патеката една и пол секунда пред Хамилтон. И двајцата возачи го подигнаа темпото со размена на најбрзите кругови, но поредокот остана ист. Во борбата на вторите возачи, во 28-от круг имавме пит-стоп за Серџо Перез, во 30-от за Валтери Ботас, по што Финецот се најде на третото место.
По комплетирање на сите замени на гуми, топ 10 поредокот беше: Ферстапен, Хамилтон, Ботас, Перез, Леклер, Саинц Јр., Гасли, Рикиардо, Норис, Окон. Сите беа воздржани од напади, чекајќи ги случувањата од последното влегување во боксевите за промена на гумите.
Не се чекаше долго, по препораките на Макс, сега во тимот на Ред Бул реагираа веќе во 40-от круг, кога Макс се врати на асфалтот четврти, десет секунди зад Перез. Веќе во следните три круга по нови гуми заминаа и Валтери Ботас, Серџо Перез и Луис Хамилтон.
Британецот се врати на второто место, 2.5 секунди зад Ферстапен. На Хамилтон не му остануваше ништо друго освен да форсира и со два супер брзи круга се доближи до Макс на оддалеченост погодна за напад.
Првиот напад следуваше во 47-от круг, болидите беа еден покрај друг, Макс сопираше доцна, како и секогаш, по што и двајцата излегоа од патеката, а Ферстапен остана напред. Стјуардите немаа причина за разгледување на инцидентот.
Хамилтон се повлече да го излади болидот, да ги наполни батериите и во 57-от круг, повторно го нападна Ферстапен, но Макс ја задржа својата позиција. Сепак, веќе беше јасно дека 20-те км/ч предност на Мерцедесот ќе вродат со плод наскоро, а тоа се случи во следниот круг.
Луис го презеде водството, прелетувајќи покрај болидот на Ред Бул во втората ДРС-зона на патеката. Тоа беше крај на возбудувањата, Хамилтон избега далеку напред, а во претпоследниот круг, Серџо Перез се префрли на црвените гуми за да го постави најбрзиот круг и да го одземе дополнителниот поен за него, кој до тие моменти беше во рацетет на Луис Хамилтон.
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА САО ПАУЛО 71 круга, 305.909км., Време: Сончево. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч32:22.851 |
| 2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 10.496 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 13.576 |
| 4. | Серџо Перез | Ред Бул | + 39.940 |
| 5. | Чарлс Леклер | Ферари | + 49.517 |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 51.820 |
| 7. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 1 круг |
| 8. | Естебан Окон | Алпин |
+ 1 круг |
| 9. | Фернандо Алонсо |
Алпин | + 1 круг |
| 10. | Ландо Норис | Мекларен | + 1 круг |
| 11. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | + 1 круг |
| 12. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 13. | Џорџ Расел |
Вилијамс | + 1 круг |
| 14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 15. | Јуки Цунода |
АлфаТаури | + 1 круг |
| 16. | Николас Латифи |
Вилијамс | + 1 круг |
| 17. | Никита Мазепин |
Хас | + 2 круга |
| 18. | Мик Шумахер |
Хас | + 2 круга |
| НАЈБРЗ КРУГ: СЕРЏО ПЕРЕЗ - 1:11.010 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 19. | Даниел Рикиардо | Мекларен | дефект |
| 20. | Ленс Строл | Астон Мартин | дефект |
|
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ХОЗЕ КАРЛОС ПАЧЕ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч30:02.555 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч31:09.090 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 3ч01:01.335 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч31:35.335 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч27:09.066 2019 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч33:14.678 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч32:22.851 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 19/22 | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Макс Ферстапен | 332.5 | |
| 2. | Луис Хамилтон | 318.5 | |
| 3. | Валтери Ботас | 203 | |
| 4. | Серџо Перез | 178 |
|
| 5. | Ландо Норис | 151 | |
| 6. | Чарлс Леклер | 148 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | 139.5 | |
| 8. | Даниел Рикиардо | 105 | |
| 9. | Пјер Гасли | 92 | |
| 10. | Фернандо Алонсо | 62 | |
| 11. | Естебан Окон | 50 | |
| 12. | Себастијан Ветел | 42 | |
| 13. | Ленс Строл | 26 | |
| 14. | Јуки Цунода | 20 | |
| 15. | Џорџ Расел | 16 | |
| 16. | Кими Раиконен | 10 | |
| 17. | Николас Латифи | 7 | |
| 18. | Антонио Џовинаци |
1 | |
| 19. | Мик Шумахер | 0 | |
| 20. | Роберт Кубица |
0 | |
| 21. | Никита Мазепин | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 521.5 | |
| 2. | Ред Бул | 510.5 | |
| 3. | Ферари | 287.5 | |
| 4. | Мекларен | 256 | |
| 5. | Алпин | 112 | |
| 6. | АлфаТаури | 112 | |
| 7. | Астон Мартин | 68 | |
| 8. | Вилијамс | 23 | |
| 9. | Алфа Ромео | 11 | |
| 10. | Хас | 0 | |
