Макс Ферстапен го имаше второто најбрзо време, па утре ривалите за титулата ќе ја започнат трката од првиот ред. Од вториот стартуваат Ботас и Гасли, од третиот Алонсо и Норис.
Квалификациите се клучната сесија викендов во Катар. Првичните анализи се дека ќе биде тешко да се претекнува на трката, па за конечниот исход многу ќе одлучува стартната позиција, првиот круг и стратегијата.
Во Q1 сесијата само возачот на АЛфаТаури, Пјер Гасли, се реши да излезе на жолтите гуми, додека останатите возачи излегоа на црвените гуми.
Се помина без некое поголемо изненадување, по првите брзи круга Ферстапен го имаше најбрзото време, две стотинки пред Хамилтон.
Во последните секунди од сесијата Хамилтон се врати на врвот за само 6 илјадитинки. Од натамошната борба отпаднаа Раиконен, Латифи, Џовинаци, Шумахер и Мазепин.
Во Q2 сесијата сите, освен Расел, Цунода и Гасли, излегоа на жолтите гуми за првиот обид за утре да стартуваат на овој сет. Најбрз беше Луис Хамилтон, но втор беше Пјер Гасли со помош на помеките и со тоа побрзи црвени гуми на Пирели.
Во вторите обиди само Ботас и Саинц Јр. повторно излегоа на жолтите гуми, додека оние кои обезбедија место во првите десет не го завршија кругот. Времето на Хамилтон остана најдобро.
Во Топ 10 поредокот не се пласираа Серџо Перез, Ленс Строл, Чарлс Леклер, Даниел Рикиардо и Џорџ Расел. Најверојатно само од возачот на Ред Бул не се очекуваше такво нешто и толку слаб пласман.
Во финалната сесија битката се одвиваше на црвените гуми. Во првиот обид, Хамилтон беше на врвот на табелата, 16 стотинки пред Ферстапен. Ботас беше трет со заостанување од само 0.2 делови од секундата.
Во вториот обид, кој Хамилтон го започна малку порано од сите, а Ферстапен последен, Луис извозе уште побрзо, а потоа се појавија жолти знамиња, поради дупната гума на болидот на Пјер Гасли.
Повторените снимк покажаа дека Французинот возеше над високите рабници, го оштети болидот и заработи дупната гума тркалото.
Со тоа квалификациите беа завршени, а сите возачи мораа да ги забават своите времиња, некои повеќе, некои помалку.
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА КАТАР - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:20.827 | |
| 2. | Макс Ферстапен* | Ред Бул | 1:21.424 | + 0.597 |
| 3. | Валтери Ботас** | Мерцедес АМГ | 1:21.478 | + 0.651 |
| 4. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:21.640 | + 0.815 |
| 5. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:21.670 | + 0.843 |
| 6. | Ландо Норис | Мекларен | 1:21.731 | + 0.904 |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:21.840 | + 1.015 |
| 8. | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:21.881 | + 1.054 |
| 9. | Естебан Окон | Алпин | 1:22.028 | + 1.201 |
| 10. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
1:22.785 | + 1.958 |
*избришано последното најбрзо време Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:21.682* казна 5 места - непочитување на двојно жолто знаме ** казна 3 позиции - непочитување на жолто знаме |
||||
| 11. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:22.346 | + 0.664 |
| 12. | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:22.460 | + 0.778 |
| 13. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:22.463 | + 0.781 |
| 14. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:22.597 | + 0.915 |
| 15. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:22.756 | + 1.074 |
| Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:21.901 | ||||
| 16. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:23.156 | + 1.255 |
| 17. | Николас Латифи | Вилијамс |
1:23.215 | + 1.312 |
| 18. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:23.262 | + 1.361 |
| 19. | Мик Шумахер |
Хас | 1:23.407 | + 1.506 |
| 20. | Никита Мазепин | Хас | 1:25.859 | + 3.958 |
| 107% време: 1:27.634 | ||||
|
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ЛОСАИЛ 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:20.827 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||||
